Дневен ред за 50-та седница на Совет на Општина Демир Хисар PDF Печати

21.04.2021

.

Врз основа на член 53 став 1  од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар

(„Службен гласник на Општина Демир Хисар“ бр.3/02) се донесува:

.

Р Е Ш Е Н И Е

За свикување на 50-та седница на Совет на Општина Демир Хисар

Седницата ќе се одржи на 22.04.2021 година  (четврток) со почеток во 10:00 часот во салата за состаноци во СОУ „Крсте П. Мисирков“, Демир Хисар

.

За присуство на седницата на Совет задолжително е носење на маски

 -Усвојување на Записник од 50-та седница на Совет на Општина Демир Хисар

.

За седницата се предлага следниот

.

Дневен ред

  1. Донесување на Одлука за одобрување на под-проектот локален пат Р29371,  Слоештица, Општина Демир Хисар како приоритетна инвестиција.
  2. Донесување на Одлука за  давање согласност и овластување за потпишување на Договор за имплементација за под-проект локален пат во с.Слоештица, Општина Демир Хисар, во согласност со Договорот за заем за финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта помеѓу Република Северна Македонија и Меѓународната банка за обнова и развој - Светска Банка со број 9034-МК од 23.12.2019 година и во согласност со Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за алоцирање на средства од Договорот за заем за Проект за поврзување на локални патишта („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.33 од 10.02.2020 година) како и во согласност со Меморандумот за разбирање бр. 12-266/3 од 02.03.2020 година.
  3. Донесување на Одлука за пристапување кон измени и дополнување на Статутот на Oпштина Демир Хисар.
  4. Донесување на Одлука за давање согласност на измени и дополнување на Годишен план за вработување на Oпштина Демир Хисар за 2021 година.
  5. Донесување на Одлука за утврдување на почеток и завршеток на работното време во ЈОУДГ „Втори Септември“, Демир Хисар.
  6. Разгледување на барање за подршка за олимпијата по хемија поднесено од Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија.
  7. Предлози и прашања.

.

Бр.17-381/1                                                           Совет на Општина Демир Хисар
19.04.2021 година                                                             Претседател, 
Демир Хисар                                                               Благоја Станојоски
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер