Е - ОПШТИНА PDF Печати

Како со своите прашања можете да дојдете до градоначалникот, претседателот на Советот на општината, советниците или вработените во локалната самоуправа?

Понекогаш, многу тешко. Постојат класични патишта, но повеќето не ги знаат или тие се недостапни. Некому  му е тешко јавно да истапи иако има добра идеи  или прашања. Најпосле, брзото темпо на живеење, заради недостаток на време, не дозволува доаѓање во општината, пишување класично писмо и испраќање по пошта. Прашањата по телефон, обично не даваат впечаток на добивање одговор, а и човек не може се‘ да запамти што е речено и слично.

Целта е, да Ви овозможиме прегледување и пребарување на податоци за работата на Советот на општината, градоначалникот и локалната администрација, како и да дојдете до сите потребни обрасци и барања.

Интерактивниот дел „ПРИЈАВИ ПРОБЛЕМ“, на секој посетител ќе му овозможи поставување на прашања, како и добивање компетентни одговори.

Имаме желба да ја развиеме програмата „Е- општина“, со цел, оваа веб страница да стане службена страница на општината Демир Хисар што ќе биде можност за директна комуникација на локалната самоуправа и граѓаните, користејќи ги предностите на интернетот.

Во функција се следниве e-mail адреси на кои што можете да поставувате директни прашања:

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите



 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер