Добродојдовте на официјалната страница на Општина Демир Хисар!
ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА - СМИЛЕВО PDF Печати
Smilevo-pat_za_manastir

25.11.2016

СЕ ОДРЖА ЈАВНО ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ ЗА ПАТОТ ЗА СМИЛЕВСКИ МАНАСТИР

Во присуство на претставници на понудувачите, а во согласност со одредбите од јавниот оглас и правилата на Светска банка и членовите на Комисијата за јавни набавки, денеска јавно беа отворени пристигнатите понуди за избор на најповолен изведувач за изградба на асфалтен пат до манастирот Свети Петар кај Смилево.

Повеќе...
 
КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ - УРБАНА ОПРЕМА PDF Печати
Donacija-1

 

23.11.2016

ПРОМОВИРАНА ДОНАЦИЈАТА ОД БРАТСКА БАЛЧОВА

На платото пред општинската зграда, денеска свечено и пригодно беше промовирана донацијата од граѓаните на Општина Балчова, Измир, Република Турција, за граѓаните на Демир Хисар.

Како што рече во своето излагање секретарот на Општина Демир Хисар, Љупчо Ангелевски кој ја прими донацијата при посетата и престојот во Балчова во авгхуст оваа година, се работи за донација договорена момеѓу градоначалникот на Балчова, Мехмед Али Чалкаја и градоначалникот на Демир Хисар, Љупчо Блажевски. Таа е резултат, рече тој, на договорот за воспоставување на односи на збратимување и долгорочна меѓународна соработка во повеќе области.

Повеќе...
 
КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ PDF Печати
Uvid_na_rabotite_vo_Zvan-1

16.11.2016

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БЛАЖЕВСКИ ИЗВРШИ УВИД  НА РАБОТИТЕ ВО ЖВАН

Во фаза кога се во полн ек градежните зафати во село Жван, градоначалникот на Општина Демир Хисар Љупчо Блажевски, денеска изврши увид на завршените работи. Во придружба на изведувачот и стручно лице од локалната администрација, тој изврши увид на изградените 163 метри каменобетонски потпорни ѕидови на неколку локации во селото. Од средбата со жителите на селото беше информиран дека жванчани се многу задоволни како од обемот на градежните зафати, така и од квалитетот на извршените работи.

Повеќе...
 
КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ - ХОРТИКУЛТУРА PDF Печати
Sadnici_na_bitolska-1

17.11.2016

„БИТОЛСКА“ ГО МЕНУВА ЛИКОТ -  ПОСАДЕНИ 130 УКРАСНИ РАСТЕНИЈА

 

По изградбата на шеталиштето во должина од околу 1300 метри и целосното преасфалтирање на коловозната лента во приближна должина, најголемата градска сообраќајница во Демир Хисар почна да го менува ликот.

-          Улицата „Битолска“ ќе биде гордост демирхисарска и гратското „огледало“ на Демир Хисар – вели градоначалникот Љупчо Блажевски.

Повеќе...
 
ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНТАТА PDF Печати
Poseta_na_MZ-1

 29 и 30.10.2016

НАБИЕНА ВИКЕНД АГЕНДА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БЛАЖЕВСКИ

 

Како дел од редовните и планирани работни активности, за време на измнатиот викенд градоначалникот на Општина Демир Хисар Љупчо Блажевски, посети неколку населени места од демирхисарската горноселија. Целта на посетата и средбите со граѓаните беа, директно и непосредно  да се чујат потребите и проблемите со кои се соочуваат пред настапот на зимата. Но средбите и разговорите со граѓаните беа искористени и лично да им се соопштат плановите и проектите на општината во периодот што следи, а што биле дел од нивните нотирани барања или пак биле изборни ветувања.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следно > Крај >>

Страница 11 од 166

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер