Добродојдовте на официјалната страница на Општина Демир Хисар!
РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ PDF Печати
Penzioneri-1

Општинското здружение на пензионерите од  Демир Хисар беше домаќин на традиционалните регионални спортски натпревари. Стотина пензионери од Ресен, Прилеп, Крушево и градот домаќин, Демир Хисар, се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини и шах. На свеченото отворање што се одржа во дворот на СОУ „Крсте Петков Мисирков“,  учесниците ги поздрави градоначалникот Тони Ангелевски.

Повеќе...
 
ЗАПИШУВАЊЕ ВО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ PDF Печати
Krste_Misirkov

Во средното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ заврши првото пријавување за запишување ученици во I година. За гимназиската струка се пријавиле 58 ученици, а примени се 43, а додека во шумарско -  дрвопреработувачката струка, од 8 пријавени, примени се само 4.

Повеќе...
 
ОБУКА ЗА ОПШТИНСКИТЕ ПИАРИ PDF Печати
-1

Два дена, лицата задолжени за односи со јавност од 13 општини во Пелагонискиот, Источниот и Југоисточниот и Вардарскиот регион, во Битола тренираа примена на алатки и практични вежби за информирање, етички стандарди, комуникациски вештини на пиарите со медиумите и специфичните целни групи, како и размена на добри практики и искуства.

Повеќе...
 
„МАКЕДОНИЈА ВО ЖИВО“ ВО СЛОЕШТИЦА PDF Печати
DSC01707-s

Студенти од ликовната академија при универзитетот на Северна Каролина од Вилмингтон, месецов престојуваат во Македонија, по покана на ликовниот уметник Сергеј Андреевски.

10 – те млади американски уметници и нивната професорка Памела Тол, ги посетија најзначајните културни точки во Македонија (во Скопје, Охрид, Битола и Крушево), а од 21 – ви јуни престојуваат и творат во селото Слоештица, во центарот за уметност „Арт Поинт – Гумно“.

Повеќе...
 
ЗЕЛС - ОБУКИ PDF Печати

ПИАРИТЕ НА ОПШТИНИТЕ НА ТРЕНИНГ

Лицата задолжени за односи со јавност (PR) во општините од Пелагонискиот, Источниот  и Југоисточниот регион,  два дена ќе се обучуваат на теми што се произлез од нивните барања упатени до ЗЕЛС. Дводневната обука што се спроведува на 15 и 16 јуни во Битола,  а опфаќа предавања, практичен дел и размена на добри практики и искуства, е во организација на Тренинг центарот на ЗЕЛС, а во рамките на Годишната програма за регионални обуки за претставниците на општинската администрација.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 171 172 173 174 175 176 177 Следно > Крај >>

Страница 176 од 177

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер