ОДРЖАН VII. МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ, „ВАЛЕНТИН СТЕФАНОВСКИ“, 2021 Печати

29.11.2021

.

sedmi-memorijalen-turnir-valentin-stefanovski-3


Општина Демир Хисар во соработка со Здружението на граѓани „Валентин Стефановски“, во спортската сала „Јордан Пиперката“, Демир Хисар, викендов го организираше седмиот традиционален фудбалски турнир во чест на ликот и делото на Валентин Стефановски. На официјалното отворање на турнирот кој започна на 26.11.2021 година, ден петок, под покровителство на Општина Демир Хисар, присуствуваше и градоначалникот Никола Најдовски. 

.
Како што најавија од Здружението, така и непречено се одвиваше овогодинешниот турнир, кој траеше три дена, а без присуство на публика и согласно пропишаните мерки и утврдените протоколи од страна на државниот врв за одржување на спортско - рекреативни манифестации.
Поради пандемијата со корона вирусот, овогодинешниот турнир беше од помал формат и учествуваа само осум екипи на покана од организаторот З.Г „Валентин Стефановски“ Демир Хисар, согласно мерките за заштита од корона вирусот.
.
Градоначалникот Најдовски, ја истакна големината и важноста на овој турнир кој се игра во чест на другарот и нашиот сограѓанин, кој прерано нѐ напушти, Валентин Стефановски - Тинко.
Најдовски, исто така, во лично негово име и во име на сите вработени во локалната самоуправа упати честитки до сите екипи - учесници ѝ им посака коректна и, пред сè, фер-плеј игра. Како што и самиот напомена, во рамките на можностите, секогаш, општината ќе придонесува да овој турнир биде беспрекорно организиран, сè со цел да му се оддаде една огромна почит кон ликот и делото на нашиот ТИНКО. А, меѓу другото, Најдовски, ја поздрави и одличната организација од страна на Здружението и на сите учесници им посака многу успех и среќа во натпреварувањето.
.
Од Здруженито на граѓани, изразија благодарност до сите екипи кои учествуваа на овој турнир, благодарност до Општина Демир Хисар и градоначалникот на Демир Хисар, Никола Најдовски, за несебичната поддршка за реализација на уште еден турнир во чест на нашиот Валентин.
- Се надеваме дека следната 2022 година, ситуацијата ќе биде многу поповолна за нас, а со тоа ќе имаме можност за организирање на голем турнир. Уште еднаш, благодарност до сите кои на било каков начин помогнаа за реализација на овој турнир, истакнаа од Здружението. 
.
sedmi-memorijalen-turnir-valentin-stefanovski-2
.
Во прилог, резултати од финалната вечер на седмиот меморијален турнир во мал фудбал „Валентин Стефановски", Демир Хисар, на којашто градоначалникот им додели дипломи за најдобрите:
.
28.11.2021 (недела)

Натпревар за трето место:
З.Г „Виктор Илиоски" (2-5) З.Г „Начко"
.
Натпревар за прво место:
Тинко 10 (1-1) Бучин (0-2 пенали)
.
Рангирање:
1️. Екипа: Бучин
2️. Екипа: Тинко 10
3️. Екипа: З.Г „Начко" Битола
.
sedmi-memorijalen-turnir-valentin-stefanovski
.
sedmi-memorijalen-turnir-valentin-stefanovski-1
.
.
- Честитки за одличната организација на овогодинешниот меморијален турнир во чест на Валентин Стефановски. Честитки за фер-плејот и одличната игра на сите екипи, за првото место на ФК Бучин, второто за моите фаворити од ЗГ Валентин Стефановски“ и третопласираните ЗГ „Начко, додаде Најдовски, при врачувањето на наградите на завршната финална вечер, со што и официјално се затвори седмиот меморијален турнир во мал фудбал, „Валентин Стефановски“.