Локална самоуправа
ГРБ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР PDF Печати

СИМБОЛИКА НА ГРБОТ

Хералдичкиот симбол на грбот на Оштина Демир Хисар е аплициран на стандардизираниот штит во меснохералдичкиот систем за општините на Република Македонија. На варијантата среден грб е додадена мурална круна, додека на големиот грб се додадени мурална круна и дабов венец со по три букови желади од двете страни и црвена панделка којашто ги поврзува буковите грачиња што го сочинуваат венецот.

Штитот е поделен на „bend sinister“ на две полиња во црвено црна комбинација кои што ја изразуваат вековната парола за ослободување на Македонија “Слобода или смрт“. Од друга страна црната боја е симбол за железото, за црната металургија што во комбинација со црвената бојата, го добива значењето „фортификациско утврдување“ или како што и самиот топоним Демир Хисар би се превел како „железна тврдина“. Центарален симбол се златно - жолти, вкрстени револвер (кубура како соодветен симоличен еквивалент) и кама која е аплицирана по линијата на разделба на штитот истите поставени на отворена книга. Симболиката е дека револуционерството од овој крај е длабоко вкоренето со слободарските традиции и историјата на Македонија.

Во долниот дел се поставени златни (жолти) лисја од даб кои што го симболизираат заштитениот ендемски вид на Блатниот даб кој преставува вистинска природна реткост во Македонија кој го симболизира стремежот кон развојот на туризмот.

На горниот дел на штитот (челото) е аплициран симбол на река во црна боја, Црна Река, најголема десна притока на Вардар чијшто изворишен дел се наоѓа на територијата на општина Демир Хисар. Овој симбол, заради својата препознатливост и географска лоцираност, истовремено е визуелна врска со идејното решение за знаме.

На венецот се аплицирани две гранчиња од бука којашто  е исто така моќен симбол којшто често се употребувал да се искаже, опише или опее револуционерниот живот. Па така често се употребува: „... До сека бука јунака, на сека гранка берданка, „Слушам кај шумат шумите, буките...“ итн.  Според местоположбата општината е опкружена со Илинската, Бигла и  Пакленска Планина. Токму тие се симолично преставени со по три букови желади од левата и десна страна на венецот. Буката спаѓа меѓу најзастапените дрвни видови покрај дабот којшто веќе е аплициран на штитот, и освен тоа што ја симболизира борбата за самобитност, директно асоцира на Блатниот даб како ендемска природна реткост за Демирхисарската општина.


 
ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ СО ГРАЃАНИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ PDF Печати

ТОМЕ МИЛОШОВСКИ

Телефон: +389 (0)76 471 548

e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 
УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР PDF Печати

Автор на текстовите и фотографиите и администратор:

Благоја Шундовски - лице за односи со јавноста, протокол и деловни комуникации

Контакт:

Телефони: 047 552 661 и 076 359 830

E - mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

https://www.facebook.com/blshunda/about?section=contact-info

Администратор:

Злате Бoшевски

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 
Локална самоуправа PDF Печати

Органи на управување

Органи на општината Демир Хисар се Советот и Градоначалник.

 

Совет на општината

Советот на општината е преставнички орган на граѓаните. Советот го сочинуваат 11 претставници на граѓаните (советници) избрани на општи и непосредни избори со тајно гласање. Мандатот на советниците е 4 години. Советот на општината од редот на советниците го избира својот Претседател.

Gjoko_Vasilevski

 Ѓоко Василевски,

Претседател на Советот на општината

Градоначалник

Градоначалникот ја претставува и застапува Општината. Тој е избран на општи и непосредни избори, согласно закон, за период од 4 години.

Lj._Blazevski-obraten_profil

Љупчо Кирило Блажевски

Градоначалник на општината


Организација

Градоначалникот раководи со општинската администрација. Организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација ги утврдува Советот по предлог на Градоначалникот.

 
Општи акти PDF Печати

Статут на општината Демир Хисар

Одлука за спроведување на Статутот на општина Демир Хисар

Одлука за измена и дополнување на Статутот на општина Демир Хисар 10.06.2005

Одлука за измена и дополнување на Статутот на општина Демир Хисар 12.06.2009 

Деловник за работа на советот на општината Демир Хисар

Буџет на општината за 2013 година

- Биланс на приходи на ниво на ставки за 2013 година

 
<< Почеток < Пред 1 2 Следно > Крај >>

Страница 1 од 2

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер