НИКОЛА НАЈДОВСКИ
Градоначалник на Општина Демир Хисар
Надлежности на градоначалникот
1. Ја претставува и застапува општината; 2. Ја контролира законитоста на прописите на советот; 3. Ги објавува прописите на советот во службеното гласило на општината; 4. Го обезбедува извршувањето на одлуките на советот; 5. Го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на општината; 6. Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот; 7. Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината; 8. Го извршува буџетот на општината; 9. Избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс; 10. Редовно го известува советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со статутот; 11. Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон; 12. Донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација; 13. Раководи со општинската администрација; 14. Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон. 15. Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статутот и 16. Врши други работи утврдени со закон и со статутот.
Градоначалникот може да овласти раководен службеник на општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да потпишува акти.
|