Локална самоуправа |
![]() |
Органи на управување Органи на општината Демир Хисар се Советот и Градоначалник.
Совет на општината Советот на општината е преставнички орган на граѓаните. Советот го сочинуваат 11 претставници на граѓаните (советници) избрани на општи и непосредни избори со тајно гласање. Мандатот на советниците е 4 години. Советот на општината од редот на советниците го избира својот Претседател. Градоначалник Градоначалникот ја претставува и застапува Општината. Тој е избран на општи и непосредни избори, согласно закон, за период од 4 години. Организација Градоначалникот раководи со општинската администрација. Организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација ги утврдува Советот по предлог на Градоначалникот. |