Градоначалник PDF Печати

              

Lj._Blazevski-obraten_profil

ЉУПЧО БЛАЖЕВСКИ

    Градоначалник на општината

     Демир Хисар

Љупчо Кирило Блажевски

Роден е на 1967 година во Демир Хисар. Оженет и татко на две малолетни деца.

Основното и средното гимназиско образование го стекнал во родниот град, а образованието го продолжил на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје.  Завршил Земјоделски факултет и е дипломиран инженер агроном.

Во својот професионален работен век бил директор на приватна земјоделска аптека.

Во 1998 се вработил во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство. По вработувањето во подрачната единица во Демир Хисар, извршувал повеќе одговорни јавни професионални и политички функции. Бил раководител на подрачната единица, а потоа и Републички инспектор по земјоделие.

Посетувал и учествувал на поголем  број меѓународни конференции, семинари и стручни обуки и работилници од областа на земјоделието.

Владее со компјутерски вештини и познавања, а се служи со француски јазик

За градоначалник на Општина Демир Хисар е избран на локалните избори во 2013 – та година.


Надлежности на градоначалникот

1. Ја претставува и застапува општината;
2. Ја контролира законитоста на прописите на советот;
3. Ги објавува прописите на советот во службеното гласило на
општината;
4. Го обезбедува извршувањето на одлуките на советот,
5. Го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се
делегирани на општината;
6. Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на
советот;
7. Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на
општината;
8. Го извршува буџетот на општината;
9. Избира директори на јавните служби кои ги основала општината,
врз основа на јавен конкурс;
10. Редовно го известува советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со статутот;
11. Решава во управни работи за права, обврски и интереси на
правни и физички лица, во согласност со закон;
12. Донесува правилник за систематизација на работните места на
општинската администрација;
13. Раководи со општинската администрација;
14. Одлучува за вработувањето, правата, должностите и
одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку
поинаку не е определено со закон.
15. Обезбедува правилно и законито користење, одржување и
заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статутот и
16. Врши други работи утврдени со закон и со статутот.


Градоначалникот може да овласти раководен службеник на
општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да
потпишува акти.


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер