Известувања
Известување за минирање PDF Печати Е-пошта
Напишано од Urednik   
Петок, 29 Јуни 2018 08:06

ИЗВЕСТУВАЊЕ !

Од страна на ЈП Македонски шуми, ПШС Бигла Демир Хисар

 

на ден 29.06.2018г.

ќе се изврши МИНИРАЊЕ

заради изградба на шумски пат

во ШСЕ Суводол одд.17

во атарот на с.Вардино.

Минирањето ќе биде во

период од 10.00 до 13.00 часот.

Известувањето е со цел да се запознае месното население .

 

ПО-РЦУК Демир Хисар

Последно освежено на Четврток, 12 Јули 2018 08:49
 
ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА НА КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА ВО С.ЖВАН PDF Печати Е-пошта
Напишано од Urednik   
Вторник, 05 Јуни 2018 08:34

Општина Демир Хисар објави Оглас за барање за прибирање на понуди за изработка на целокупна планска и Проектна документација за изградба на канализациона мрежа со предтретман на отпадни води за с.Жван. Вкупната проценета вредност изнесува 635.000,00 денари. Еден дел од средствата се обезбедени од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, а останатиот дел од Буџетот на Општина Демир Хисар за 2018 година. Се очекува постапката за jавна набавка да заврши до средината на месец jули, а рокот за изработка на проектната документација е шеесет дена од склучување на договорот за jавна набавка.

                                                                                                Комисија за jавни набавки

                                                                                                                 Претседател

                                                                                                          Влатко Станковски

Последно освежено на Вторник, 05 Јуни 2018 08:49
 
„Хиперповрзани музеи: Нови пристапи, нова публика“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Urednik   
Вторник, 15 Мај 2018 10:08

Утре 16 мај, со почеток во 11.30 часот во рамките на Манифестацијата Демир Хисар град на култура, 2018. ИКОМ - МЕЃУНАРОДНИОТ СОВЕТ НА МУЗЕИТЕ - Македонија, по повод Меѓународниот ден на музеите ќе одржи советување на тема: „Хиперповрзани музеи: Нови пристапи, нова публика“. Советувањето ќе се одржи во Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар. 

ikom - muzei

Последно освежено на Вторник, 15 Мај 2018 10:34
 
Известување PDF Печати Е-пошта
Напишано од Urednik   
Петок, 11 Мај 2018 11:44

Ве известуваме дека на ден 11.05. 2018 год. екипи на Центарот за јавно здравје во Битола ќе спроведуваат активности на теренот во смисол на спроведување на пролетната прва фаза од превентивната систематска дератизација т.е. поставување на отровни мамци за уништување на глодари (глувци).

Со дератизацијата ке бидат опфатени:

 

  • Дератизација на подземниот  канализациски систем во Општина Демир Хисар и урбаните населби:

Сопотница, Суводол, Кутретино, Слепче, Слоештица и Велмевци

  • Дератизација на прифатниот канализационен систем на инфестирани објекти од посебен јавен интерес:

-          Детски градинки:

-          Воспитно образовни институции:

-          Здравствени установи:

-          Останати објекти во градот и урбаните населени места од јавен интерес на локалната самоуправа.

Дератизацијата ќе се изведува со поставување на родентициди, парафински блокови (отровни мамци) во канализационите шахти. Мамците се од групата на синтетски антикоагуланти од втора генерација.

Активностите на теренот ќе ги спроведуваат екипи на одсекот за ДДД при ЈЗУ ЦЈЗ Битола во состав: два санитарни техничари потпомогнати со по еден работник од локалното комунално претпријатие во Општината. Активностите ќе се изведуваат во канализационите шахти поставени на коловозите, тротоарите и шахтите во околина на наведените објекти. Екипите и активностите на теренот ќе бидат обележани и заштитени со знаци за предупредување.

Последно освежено на Петок, 11 Мај 2018 12:08
 
ЈАВНА ПОКАНА PDF Печати Е-пошта
Напишано од Urednik   
Среда, 25 Април 2018 16:12

Свечено пуштање во употреба на градскиот пазар

во Демир Хисар 

Почитувани,

Ве покануваме на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот градски пазар

во Демир Хисар, во петок, 27.4.2018 год. во 10 часот.

Ќе ни биде огромна чест и задоволство доколу и Вие присуствувате на свеченоста.

После свечениот настан, следи пригоден коктел, организиран од градоначалникот на

Општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски.

gradski pazar27


Последно освежено на Петок, 27 Април 2018 18:51
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Следно > Крај >>

Страница 6 од 9

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер