Известувања
"Ајде да вежбаме англиски" PDF Печати Е-пошта
Напишано од Urednik   
Среда, 18 Април 2018 07:30
"Ајде да вежбаме англиски" ќе се одржува секој четврток од 19:00-20:00 во Дом на култура "Илинден", Демир Хисар
.
"Ајде да вежбаме англиски" е БЕСПЛАТЕН час на забава и возбудлив разговор. Тоа е место каде што можете да се чувствувате добредојдени и лесно да ги практикувате своите вештини за англиски јазик. 
.
Во прилог линк од страната на социјалната мрежа Фејсбук. 
Последно освежено на Среда, 18 Април 2018 07:40
Повеќе...
 
Трет отворен ден во Кромберг & Шуберт Македонија ДООЕЛ Битола PDF Печати Е-пошта
Напишано од Urednik   
Четврток, 22 Март 2018 13:03

Германската компанија за производство на кабли во автомобилската индустрија, Кромберг & Шуберт ДООЕЛ Битола, по трет пат организира отворен ден, овојпат со обезбеден превоз до фабриката за граѓаните од Битола, Ресен и Демир Хисар. Во продолжение следува известувањето за отворениот ден од страна на компанијата Кромберг & Шуберт.  

.

„Почитувани сограѓани, Ве известуваме дека Кромберг & Шуберт Македонија Дооел Битола организира отворен ден за сите кои сакаат да се запознаат со начинот на работа во компанијата.

За таа цел во петок, 23.03.2018 година сите заинтересирани ќе имаат можност да ја посетат фабриката и да се запознаат со процесите и работните места за време на прошетката која ќе биде спроведена од страна на претставници на компанијата. 

Превозот за граѓаните на Ресен и Демир Хисар ќе биде организиран со тргнување од постојката кај „Новиот пазар“ во Ресен и кај Автобуската станица во Демир Хисар, додека за Битола останува постојката кај Ракометното игралиште во 9:30 часот за сите постојки во соработка со компанијата МиГ Травел од Битола. Автобусите ќе бидат обележани со посебни натписи на кои ќе биде наведена намената на превозот.

Веќе шест години по ред оваа компанија гради една поинаква приказна и придонесува за стабилноста на повеќе од 6000 семејства во Пелагонискиот регион. Нашата цел е да бидеме најголеми и најдобри со 7000 задоволни вработени.

Повелете, бидете наши гости и запознајте нé подобро !

Последно освежено на Четврток, 22 Март 2018 13:08
Повеќе...
 
Известување од ЈКП Комуналец PDF Печати Е-пошта
Напишано од Urednik   
Понеделник, 12 Март 2018 21:10
Поради дефект на потисниот цевковод f280 од бунари во с. Граиште до Црпен резервоар, ќе нема вода во Демир Хисар, населените места с. Суводол, с. Кутретино и с. Слепче. Екипа од ЈКП Комуналец утре 13.3. продолжува со остранување на дефектот.
Последно освежено на Вторник, 13 Март 2018 08:35
 
Известување на EVN Македонија PDF Печати Е-пошта
Напишано од Urednik   
Понеделник, 05 Февруари 2018 09:33
evn
На ден 06.02.2018 година, (вторник), од 09.00-14.00 ч. ќе има прекин во
снабдувањето со ел.енергија во с.Сопотница, Рудник управна зграда и Зграда Рудничка колонија.
Прекините се заради реконструкција и модернизирање на дистрибутивната мрежа.
.
Со почит,
ПО-РЦУК Демир Хисар
Последно освежено на Понеделник, 05 Февруари 2018 11:09
 
Известување PDF Печати Е-пошта
Напишано од Urednik   
Петок, 19 Јануари 2018 16:29
Градоначалникот на Општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски, ги поканува сите најуспешни кои го фатија Чесниот крст во водите во 17те населени места, на територијата на општината, во својот кабинет, на пригоден коктел, на 22.01.2018 година, понеделник, во 11:00 часот.
Последно освежено на Петок, 19 Јануари 2018 16:44
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Следно > Крај >>

Страница 7 од 9

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер