Известување за претстојна пролетна дератизација PDF Печати Е-пошта
Напишано од Urednik   
Петок, 06 Мај 2016 14:24
Deratizacija
Се известуваат граѓаните на Општина Демир Хисар, дека во периодот од 10.05.2016 и 11.05.2016 година, екипи на Центарот за јавно здравје - Битола ќе спроведуваат активности на теренот во смисла на пролетна фаза од превентивната вонредна систематска дератизација т.е. поставување на мамци за уништување на глодари (глувци).
Со дератизацијата ќе биде опфатено: 
  • Дератизација на подземниот канализациски систем во Општина Демир Хисар;
  • Дератизација на прифатниот канализационен систем на објекти од посебен јавен интерес:

             - Детска градинка;

             - Воспитно образовни институции;

             - Здравствени установи;

             - Останати објекти во градот од јавен интерес на локалната самоуправа,

  • Дератизација на јавната депонија
Активностите на терен ќе ги спроведуваат екипи на одсекот за ДДД при ЈЗУ ЦЗЈ Битола.
Активностите ќе се изведуваат во канализационите шахти поставени на коловозите, тротоарите и шахтите во околина на наведените објекти.
Екипите и активностите на терен ќе бидат обележани и заштитени со знаци за предупредување.
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер