Известување за претстојна пролетна дератизација |
![]() |
Напишано од Urednik |
Петок, 06 Мај 2016 14:24 |
![]() Се известуваат граѓаните на Општина Демир Хисар, дека во периодот од 10.05.2016 и 11.05.2016 година, екипи на Центарот за јавно здравје - Битола ќе спроведуваат активности на теренот во смисла на пролетна фаза од превентивната вонредна систематска дератизација т.е. поставување на мамци за уништување на глодари (глувци).
Со дератизацијата ќе биде опфатено:
- Детска градинка; - Воспитно образовни институции; - Здравствени установи; - Останати објекти во градот од јавен интерес на локалната самоуправа,
Активностите на терен ќе ги спроведуваат екипи на одсекот за ДДД при ЈЗУ ЦЗЈ Битола.
Активностите ќе се изведуваат во канализационите шахти поставени на коловозите, тротоарите и шахтите во околина на наведените објекти.
Екипите и активностите на терен ќе бидат обележани и заштитени со знаци за предупредување.
|