Информативна средба- можности за финансирање преку Фондот за иновации и технолошки развој и Македонска банка за поддршка на развојот PDF Печати Е-пошта
Напишано од Urednik   
Четврток, 23 Март 2017 09:22

Со големо задоволство Ве покануваме на информативна средба со Фондот за иновации и технолошки развој  и Македонска банка за поддршка на развојот.
На оваа средба ќе бидат претставени инструментите за финансирање преку Фондот за иновации од објавениот четврт повик за Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва  старт-ап и спин-оф, и Кофинансирани грантови  и условени заеми за комерцијализација на иновации, како и кредитните продукти, кредитно осигурување и факторинг од Македонска банка за поддршка на развојот.
 
Ги покануваме сите заинтересирани претприемачи, менаџери, старт ап компании, студенти  и други лица кои сакаат да дознаат повеќе информации за можностите за финансирање кои се нудат преку овие инструменти, да земат учество на инфо денот кој ќе се одржи на 28-ми март 2017 година во Факултетот за информатички и комуникациски технологии, ул.Партизанска бб (комплекс Касарна) Битола со почеток од 11:00 часот.

.

За пријавување за учество и дополнителни информации за информативната средба може да се обратите во:

Центар за развој на Пелагонискиот Плански Регион

лице за контакт Владимир Величковски

е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

тел.: 076/260-709.


Agenda

Последно освежено на Понеделник, 27 Март 2017 09:56
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер