Известување Печати
Напишано од Urednik   
Петок, 11 Мај 2018 11:44

Ве известуваме дека на ден 11.05. 2018 год. екипи на Центарот за јавно здравје во Битола ќе спроведуваат активности на теренот во смисол на спроведување на пролетната прва фаза од превентивната систематска дератизација т.е. поставување на отровни мамци за уништување на глодари (глувци).

Со дератизацијата ке бидат опфатени:

 

  • Дератизација на подземниот  канализациски систем во Општина Демир Хисар и урбаните населби:

Сопотница, Суводол, Кутретино, Слепче, Слоештица и Велмевци

  • Дератизација на прифатниот канализационен систем на инфестирани објекти од посебен јавен интерес:

-          Детски градинки:

-          Воспитно образовни институции:

-          Здравствени установи:

-          Останати објекти во градот и урбаните населени места од јавен интерес на локалната самоуправа.

Дератизацијата ќе се изведува со поставување на родентициди, парафински блокови (отровни мамци) во канализационите шахти. Мамците се од групата на синтетски антикоагуланти од втора генерација.

Активностите на теренот ќе ги спроведуваат екипи на одсекот за ДДД при ЈЗУ ЦЈЗ Битола во состав: два санитарни техничари потпомогнати со по еден работник од локалното комунално претпријатие во Општината. Активностите ќе се изведуваат во канализационите шахти поставени на коловозите, тротоарите и шахтите во околина на наведените објекти. Екипите и активностите на теренот ќе бидат обележани и заштитени со знаци за предупредување.

Последно освежено на Петок, 11 Мај 2018 12:08