ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА НА КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА ВО С.ЖВАН |
![]() |
Напишано од Urednik |
Вторник, 05 Јуни 2018 08:34 |
Општина Демир Хисар објави Оглас за барање за прибирање на понуди за изработка на целокупна планска и Проектна документација за изградба на канализациона мрежа со предтретман на отпадни води за с.Жван. Вкупната проценета вредност изнесува 635.000,00 денари. Еден дел од средствата се обезбедени од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, а останатиот дел од Буџетот на Општина Демир Хисар за 2018 година. Се очекува постапката за jавна набавка да заврши до средината на месец jули, а рокот за изработка на проектната документација е шеесет дена од склучување на договорот за jавна набавка. Комисија за jавни набавки Претседател Влатко Станковски |
Последно освежено на Вторник, 05 Јуни 2018 08:49 |