ЈАВЕН ПОВИК НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО PDF Печати Е-пошта
Напишано од Urednik   
Вторник, 23 Јули 2019 14:00

Врз основа на член 43 точка 39 од Статутот на Општина Демир Хисар („Службен гласник на Општина Демир Хисар“ бр. 03/2) и одредбите од Олуката за јавни признанија на Општина Демир Хисар, бр. 07 – 942/9 од 26.12.2013 и измените на Одлуката за јавни признанија на Општина Демир Хисар  бр. 17-875/4 од 12.9.2018, Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување признанија и награди, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

  1. Наградата на Општина Демир Хисар „ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО“, се доделува на физичко лице за постигнати вонредни резултати, а особено за успеси и големи заслуги постигнати во областа на науката, бизнисот, економијата, образованието, културата, техничката култура, уметноста, спортот, здравството, социјалната заштита, екологијата и хуманитарните дејности, како и други подрачја и дејности, во Општината Демир Хисар.
  2. Наградата за животно дело се состои од ПЛАКЕТА и нето ПAРИЧЕН ИЗНОС;
  3. За доделувањето на наградата на Општина Демир Хисар за животно дело одлучува Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување признанија и награди;
  4. За висината на паричниот дел од наградата одлучува Советот на општината;
  5. Наградата ќе биде врачена на свечена седница на Советот по повод  2 Септември, ден на ослободувањето на Демир Хисар;
  6. Предлог за доделување на наградата „ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО“ можат да поднесат трговски друштва, установи, верски заедници, политички партии, здруженија на граѓани и граѓаните – поединечно или како неформална група;
  7. Еден предлагач може да поднесе предлог само за 1 кандидат;
  8. Лицата што ќе бидат номинирани за наградата, задолжително потпишуваат, а предлагачите доставуваат потпишана изјава дека се согласни со номинацијата;
  9. Предлозите се доставуваат во писмена (печатена) форма, на пропишани обрасци што можат да се преземат ТУКА или во архивата на Општина Демир Хисар;
  10. Предлозите се доставуваат лично, преку архивата на Општина Демир Хисар, до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување признанија и награди, со назнака „ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО“;
  11. Предлозите се доставуваат во 6 идентични примероци;
  12. Краен рок за поднесување на предлозите е 12.8.2019, до 15:00 часот;
  13. Некомплетни предлози, предлози што нема да бидат доставени изработени на пропишаните обрасци, предлози што нема да бидат доставени преку архивата на општината и коишто ќе бидат доставени по завршувањето на утврдениот рок, нема да бидат разгледувани;

Совет на Општина Демир Хисар

Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување признанија и награди

Претседател на комисијата

Татјана Кочовска

Последно освежено на Среда, 24 Јули 2019 13:36
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер