Јавен оглас за вклучување во јавни работи PDF Печати

Врз основа на Оперативниот план за изменување и дополнување на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување за 2012 година и Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2011-2015, Агенцијата за вработување на Република Македонија на ден 05.07.2012 година, објавува


ЈАВЕН ОГЛАС
до евидентираните невработени лица за вклучување во Јавни работи


1. Се повикуваат долгорочно евидентираните невработени лица, ниско квалификуваните невработени лица и повозрасните лица над 55 години кои се заинтересирани за вклучување во Јавни работи за период не подолг од 6 месеци, да се пријават во Единиците на локалната самоуправа односно Градот Скопје.
2. За секое невработено лице кое ќе биде работно ангажирано во Јавни работи се предвидува финансиска поддршка во износ од 7.600,00 денари (со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување) месечно.
3. Работното ангажирање на невработените лица за Јавни работи ќе се спроведува преку Единиците на локалната самоуправа односно Градот Скопје.
4. Правата и обврските помеѓу невработените лица, Единиците на локалната самоуправа односно Градот Скопје и Агенцијата за вработување на Република Македонија ке се уредат со склучување на посебни договори.
5. За време на Јавните работи работно ангажираните невработени лица не ги губат правата по основ на невработеност.
6. Заинтересираните невработени лица од точка 1 на овој Јавен оглас, пријави можат да поднесат најдоцна до 20.07.2012 година во Единиците на локалната самоуправа односно Градот Скопје.
Детални информации можат да се добијат во Единиците на локалната самоуправа односно Градот Скопје, во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на РМ, контакт центарот 02-3298-297 и на веб страната www.avrm.gov.mk.


Агенција за вработување на
Република Македонија

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер