МЛАДИ И СПОРТ PDF Печати
Novi_stativi-4

08.08.2012

НОВИ ФУДБАЛСКИ СТАТИВИ ЗА СЛЕПЧЕ

Во рамките на реализацијата на општинскиот проект за превенција од пороците на современото општество, градоначалникот на општината Тони Ангелевски обезбеди и донира нови фудбалски стативи за спортскиот подмладок на населбата Слепче. Иако првично беше планирано стативите да бидат поставени на спортското игралиште кај локалното училиште, по желба на младите Слепчанчиња, стативите беа поставени на големото Прчидоско фудбалско игралиште.

Поголема група млади се вклучија и помогнаа при поставувањето на стативите, а потоа на новите стативи се одигра ревијален фудбалски натпревар на кој што, како член на една од екипите, спортските способности ги демонстрира и градоначалникот Ангелевски.

За време на престојот во Слепче, градоначалникот Ангелевски се сретна и разговараше со жителите на населбата Слепче.

Во рамките на овој проект, до крајот на месецов, во неколку населени места низ општината Демир Хисар, градоначалникот ќе донира и 8 кошаркарски комплети.

Novi_stativi-5

Novi_stativi-1

Novi_stativi-7

Novi_stativi-8

Novi_stativi-9

Novi_stativi-10

Novi_stativi-11

Novi_stativi-12

Novi_stativi-13

Novi_stativi-16

Novi_stativi-2

Novi_stativi-3

Novi_stativi-6

Novi_stativi-14

Novi_stativi-15


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер