ТРАДИЦИИ - БОГОЈАВЛЕНИЕ 2014 PDF Печати
1520671_10152575886312942_1293242243_n19.01.2014

ВОДИЦИ ВО ДЕМИР ХИСАР


Во 15 населени места во општина Демир Хисар, денеска беа организирани богојавленски свечености – фрлање на Светиот крст и симболично осветување на водите. Неколку илјади верници од Демир Хисар и соседните општини дојдоа на невообичаено топлото време покрај вировите и базентите да ја проследат оваа традиционална богојавленска процесија во која што директно учествуваа скоро стотина млади капачи. Најмасовно беше на централната богојавленска свеченост што по 20 – ти пат се одржа на мостот на Стара Река во населбата Мургашево.



1011823_10152575907457942_253106922_nСите богојавленски свечености се одржаа во организација на Македонската православна црква – ОА, односно црковните одбор, а првпат оваа година, општината Демир Хисар испрати свои делегации на сите 15 богојавленски свечености што ги предводеа раководители на сите јавни претпријатија и установи и на најсреќните капачи им врачија пригодни подароци.

Градоначалникот Љупчо Блажевски, претседателот на Советот Кире Ристевски и советниците Јосиф Ристевски и Гоце Мицковски присуствуваа на свеченостите во Смилево, Загориче – Утово, Суводол – Кутретино и на централната свеченост во Демир Хисар. Еве го распоредот и на другите делегации: Слоештица - Лилјана Поповска, Фонд за здравство, с. Белче - Љубе Србиновски, Дом на културата, с. Вардино - Менка Најдовска, ООУ „Браќа Миладиновци“ с.Граиште - Горан Костовски, ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар, с. Жван - Соња Талевска, ЈЗУ Здравствен дом, с. Стругово - Сузана Димовска, ЈУ Детска градинка, с. Доленци - Снежана Најдовска, ЈЗУ Психијатриска болница и Нада Пејковска, советник, с. Журче - Ѓоко Василевски, советник, с. Прибилци - Јовче Крстевски, Центар за социјална работа, с. Сопотница - Раде Василевски, ШС „Бигла“, с. Слепче - Пецо Наловски, ЈКП „Комуналец“ и Кире Мијаковски, противпожарна единица.

Засега ги имаме и објавуиваме следните имињата на најсреќните богојавленци:
Смилево - Пеце Корлевски
Загориче – Утово – Марјан Ѓорѓиевски
Белче – Димитар Најдовски
Граиште – Благојче Јошевски
Суводол – Кутретино – Илче Ангелевски (од Суводол)
Жван – Михаил Давидевски
Слепче – Јован Печенпетеловски

Вардино - Стефан Каранфиловски

1506682_10152575847107942_552429502_n

1526371_10152575862847942_89967722_n

1528555_10152575870807942_277124217_n

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер