19.01.2014
ВОДИЦИ ВО ДЕМИР ХИСАР
Во 15 населени места во општина Демир Хисар, денеска беа организирани богојавленски свечености – фрлање на Светиот крст и симболично осветување на водите. Неколку илјади верници од Демир Хисар и соседните општини дојдоа на невообичаено топлото време покрај вировите и базентите да ја проследат оваа традиционална богојавленска процесија во која што директно учествуваа скоро стотина млади капачи. Најмасовно беше на централната богојавленска свеченост што по 20 – ти пат се одржа на мостот на Стара Река во населбата Мургашево.
Сите богојавленски свечености се одржаа во организација на Македонската православна црква – ОА, односно црковните одбор, а првпат оваа година, општината Демир Хисар испрати свои делегации на сите 15 богојавленски свечености што ги предводеа раководители на сите јавни претпријатија и установи и на најсреќните капачи им врачија пригодни подароци. Градоначалникот Љупчо Блажевски, претседателот на Советот Кире Ристевски и советниците Јосиф Ристевски и Гоце Мицковски присуствуваа на свеченостите во Смилево, Загориче – Утово, Суводол – Кутретино и на централната свеченост во Демир Хисар. Еве го распоредот и на другите делегации: Слоештица - Лилјана Поповска, Фонд за здравство, с. Белче - Љубе Србиновски, Дом на културата, с. Вардино - Менка Најдовска, ООУ „Браќа Миладиновци“ с.Граиште - Горан Костовски, ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар, с. Жван - Соња Талевска, ЈЗУ Здравствен дом, с. Стругово - Сузана Димовска, ЈУ Детска градинка, с. Доленци - Снежана Најдовска, ЈЗУ Психијатриска болница и Нада Пејковска, советник, с. Журче - Ѓоко Василевски, советник, с. Прибилци - Јовче Крстевски, Центар за социјална работа, с. Сопотница - Раде Василевски, ШС „Бигла“, с. Слепче - Пецо Наловски, ЈКП „Комуналец“ и Кире Мијаковски, противпожарна единица. Засега ги имаме и објавуиваме следните имињата на најсреќните богојавленци: Смилево - Пеце Корлевски Загориче – Утово – Марјан Ѓорѓиевски Белче – Димитар Најдовски Граиште – Благојче Јошевски Суводол – Кутретино – Илче Ангелевски (од Суводол) Жван – Михаил Давидевски Слепче – Јован Печенпетеловски
Вардино - Стефан Каранфиловски



|