Подружница ШС „Бигла“ PDF Печати

Историјат

Првите почетоци на организирано шумарство се од 1946 година.
Со поорганизирано стопанисување со шумите се започнува во 1952 година кога е формирано претпријатие ШПП “БИГЛА” се до 1978 година  кога се регистрира како РОСШ “БИГЛА “ Демир Хисар.
Во 1990 година го менува називот  во ПОССШ “БИГЛА “ Демир Хисар се до 1998 година кога влегува во составот на  ЈП “MAKEДОНСКИ ШУМИ.

Вработени

Вработени:  95 на неопределено работно време и на определено работно време 10 работници преку Агенцијата за привремено вработување.  Структурата на вработени е следната : 7 шумарски инжинери  и 4 со други занимања со ВСС,5 со ВШС, 25 со  ССС, 17 со СССЗ , 7  со КВ и 30 општи работници.

Шумски фонд

Oд целокупната територија на општина Демир Хисар која зафаќа 473 км2 односно 31.918,10 ха со шуми и шумско земјиште се 25.007,30 ха а останатиот дел се земјоделски и други површини.

Од вкупната површина од 22.970 ха високостеблените шуми зафаќаат површина од 2438 ха, нискостеблените од 19.466 ха и боровите култури зафаќаат површина 1066 ха.
Годишниот сечив етат  во ПШС „БИГЛА“ од Демир Хисар изнесува 45.512 м3.

На производството на ПШС „БИГЛА“  Демир Хисар најголеми потрошувачки центри се Битола, Прилеп и Демир Хисар.

Актуелности

Шумарството во Демир Хисар низ годиниве трпи огромни штети од бесправни сечи и зачестени шумски пожари за кои се вложуваат огромни напори и средства за нивно успешно справување. За нивно поефикасно справување денес потребна е поголема техничка опременост. Во однос на техничката опременост, треба да се напомене дека  механизацијата  со која располага ПШС „БИГЛА“ од Демир Хисар  иако е разновидна, но  за жал сите средства се доста стари и амортизирани и логично за нивно одржување се бараат поголеми издатоци како и зголемени трошоци за гориво.

Адреса:

ПШС „Бигла“, ул. 29 ноември, бб, 7240 Демир Хисар

Тел/факс: (+389) 47 276 533 и 276 971

Мобилен: (+389) 70 207 573

e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Директор:

Гоце Цветановски

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер