Проекти
ГРБ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР PDF Печати Е-пошта
Напишано од Urednik   
Среда, 16 Март 2016 12:59

ГРБ И ЗНАМЕ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР


Општина Демир Хисар користи грб во три хералдички форми: мал (основен), среден и голем грб.

Сите  хералдички форми на грбот и знамето се опишани во Одлуката на Советот за утврдување грб на општината.

Грбот и знамето на на Општината не може да се употребуваат како стоковна или услужна ознака ниту како било каков друг знак за означување стоки и услуги.

Грб и знаме со изменети поединечни елементи и коишто со својот изглед  асоцираат на грбот и знамето на Општината, не смее да се користат.

Грбот и знамето не смее да се користат на непристоен и недоличен начин и на начин којшто ги навредува јавниот морал и достоинството на граѓаните на Општината.

Употребата на грбот и знамето во уметничкото творештво и воспитно-наставни цели е слободна, под услов да не е спротивна на добриот вкус, општествените норми и правила, хералдичката пракса, традиција и Правилникот за употреба на грбот и знамето на Општина Демир Хисар.

Претставите на грбот и знамето во рељеф и неспецифични техники и материјали мора да бидат во склад со воспоставените стандарди на изворникот.

Моделот за службена употреба го одобрува Градоначалникот.

Установа, претпријатие или претприемач со седиште на територијата на Општината може да добие одобрение, малиот грб да го употреби како украсна ознака, како дел од незаштитена ознака или пак за комерцијални цели.

Барањето се поднесува и го разгледува Хералдичка комисија на Општината што на предлог на Градоначалникот, ја основа Советот на Општината.

Актот за одобрување на користење го донесува Советот на општината.

ГРБ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР


СИМБОЛИКАТА НА ГРБОТ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Хералдичкиот симбол на грбот на Оштина Демир Хисар е аплициран на стандардизираниот штит во меснохералдичкиот систем за општините на Република Македонија. На варијантата среден грб е додадена мурална круна, додека на големиот грб се додадени мурална круна и дабов венец со по три букови желади од двете страни и црвена панделка којашто ги поврзува буковите грачиња што го сочинуваат венецот.

Штитот е поделен на „bend sinister“ на две полиња во црвено црна комбинација кои што ја изразуваат вековната парола за ослободување на Македонија “Слобода или смрт“. Од друга страна црната боја е симбол за железото, за црната металургија што во комбинација со црвената бојата, го добива значењето „фортификациско утврдување“ или како што и самиот топоним Демир Хисар би се превел како „железна тврдина“. Центарален симбол се златно - жолти, вкрстени револвер (кубура како соодветен симоличен еквивалент) и кама која е аплицирана по линијата на разделба на штитот истите поставени на отворена книга. Симболиката е дека револуционерството од овој крај е длабоко вкоренето со слободарските традиции и историјата на Македонија.

Во долниот дел се поставени златни (жолти) лисја од даб кои што го симболизираат заштитениот ендемски вид на Блатниот даб кој преставува вистинска природна реткост во Македонија кој го симболизира стремежот кон развојот на туризмот.

На горниот дел на штитот (челото) е аплициран симбол на река во црна боја, Црна Река, најголема десна притока на Вардар чијшто изворишен дел се наоѓа на територијата на општина Демир Хисар. Овој симбол, заради својата препознатливост и географска лоцираност, истовремено е визуелна врска со идејното решение за знаме.

На венецот се аплицирани две гранчиња од бука којашто  е исто така моќен симбол којшто често се употребувал да се искаже, опише или опее револуционерниот живот. Па така често се употребува: „... До сека бука јунака, на сека гранка берданка, „Слушам кај шумат шумите, буките...“ итн.  Според местоположбата општината е опкружена со Илинската, Бигла и  Пакленска Планина. Токму тие се симолично преставени со по три букови желади од левата и десна страна на венецот. Буката спаѓа меѓу најзастапените дрвни видови покрај дабот којшто веќе е аплициран на штитот, и освен тоа што ја симболизира борбата за самобитност, директно асоцира на Блатниот даб како ендемска природна реткост за Демирхисарската општина.

Мал грб

Малиот грб е ознака и симбол на Општината, а го користи општинската администрација.

Mal_grb

Среден грб

Средниот грб е службен грб на Општината и службено го користи Советот на општината и Претседателот на Советот.

Sreden_grb

Голем грб

Големиот грб е ознака и симбол на Општината, а службено го користи градоначалникот на Општината.

_

ЗНАМЕ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

СИМБОЛИКА НА ОПШТИНСКОТО ЗНАМЕ

Знамето е во сооднос 3:2  во комбинации цвено-црна боја. На доминантната косо поставена бела основа е аплицирана железна кула како симбол на фортификациско утврдување, односно на топонимот Сидеро Кастрон (Шелезна Тврдина) од кој истекува црна брановидна течност во вид на планинска река којашто ја симболизира Цра Река.

Сиболиката на боите е директно поврзана со македонските слободарски традиции по кои е познат демирхисарскиот крај, општо познати по паролата “Слобода или смрт“ при што црвената ја преставува желбата за слобода, а црната неустрашливоста од смртта кога станува збор за борбата за Македонија. Истовремено боите се дирекно поврзани со железото кое со векови се вадело и обработувало во овој крај затоа што, тоа е синоним на црната индустрија, но црвената боја ја покажува неговата фаза на обработка кога е подусвитено или кога се претопува рудата.  

Поставеноста на кулата има повеќезначна симболика освен што е дирекна симболика за Античкиот локалитет Сидеро Кастрон (Железна Тврдина) и претставува визуелна престава за изворишниот дел на Црна Река, симболот преставува и директна асоцијација на денешното име на општината Демир Хисар. На сето ова, во континуитет се надоврзува Црна Река, преставена во бујно исекување за да симболично го означи и планинскиот предел и потенцијалите за развој на општина Демир Хисар.

Знамето е изработено според вексилолошки критериуми, лесно е забележливо, неговата изработка е економична во сите техники на изработка на знамиња  други техники на аплицирање во зависност од промотивните и службени потреби на општината.

Знаме

Знамето на Општината може да се користи за веење и за изложување.

Знамето може да се вее од стандарден и „Г“- образен јарбол. На „Г“ - образниот јарбол знамето се вее по должина.

Знамето може да се вее на лабарум - обесено на пречка, средишно прикачена на јарбол или копје;

Знамето може да се изложува на копје и лабарум.

Знамето наменето за изложување на копје може да има реси од соодветен материјал и се истакнува по ширина.

Знамето наменето за изложување на лабарум претставува посебно церемонијално знаме, тип хоругва.

Знаме за веење

Се истакнува:

- Секојдневно на зградите на Општината и општинската администрација, како и на зградите на претпријатијата кои се основани од истата;

- Секојдневно на зградите на училиштата и здравствените организации на територијата на Општината;

- На празнични денови (државни и општински) на урбана опрема (бандери, канделабри, светилници итн.);

- На културно - уметнички, спортски, политички, научни и други манифестации во организација, под покровителство и од интерес за Општината;

- Во останати случаи, доколку неговата употреба не е воспротивност со Статутот и Правилникот.


1

2

Знаме за изложување на копје

 Се истакнува:

- Постојано во канцелариите на Градоначалникот, Претседателот на Советот, Секретарот на Општината и во салата за состаноци на Советот;

- Привремено, во сали или на отворен простор каде што се одвива настан организиран или под покровителство на Општината.

- Во салата за склопување бракови;

- Во канцелариите на локалната самоуправа во форма на трпезно знаменце и во останати случаи, доколку неговата употреба не е во спротивност со Статутот и Правилникот.

3

4


Последно освежено на Среда, 16 Март 2016 14:18
 


Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер