ЈАВЕН ОГЛАС за евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу УНДП, АВРМ и Општина Демир Хисар бр. 03-491/1 од 15.05.2015, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2015 година и Програмата за вработување на Владата на РМ 2011-2015 година, Општина Демир Хисар, Центар за социјална работа-Демир Хисар и Агенцијата за вработување на РМ на ден 15.05.2015 година објавуваат:
ЈАВЕН ОГЛАС
до евидентираните невработени лица за вклучување во Програмата "Општинско корисна работа"
1. Се повикуваат евидентираните невработени лица, кои се заинтересирани да се вклучат во програмата „Општинско корисна работа“ проект „ Грижа за стари и социјално-излолирани лица во руралните средини на Демир Хисар “ заради работно ангажирање за период од 6 (шест) месеци, да се пријават во Центарот за вработување Демир Хисар.
.
2. Бројот на евидентирани невработени лица кои ќе бидат вклучени во програмата „Општинско корисна работа“ ќе бидае 5(пет) лица кои работно ќе бидат ангажирани со 20 работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6(шест) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а невработените лица корисници на социјална помош ќе го задржат правото на социјална помош за времетраење на работниот ангажман.