Соопштенија
Потврдување на бесправно изградени објекти на земјоделско земјиште PDF Печати

Од месец Август 2012 година, во сила е Закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште со кој се овозможува на сопствениците на објекти изградени на земјоделско земјиште да поведат постапка за издавање на одобрение за потврдување на истите и запишување во јавните книги за запишување на правата на недвижности.

Рокот за поднесување на барања до Општина Демир Хисар е до Август 2013 година.

Барањата може да се подигнат од Општина Демир Хисар или во електронска форма.

Со овај Закон опфатени се објектите кои се изградени пред 14 февруари 2011 година на земјоделско земјиште и тоа :

  • Оранжерии за производство на производи од растително потекло, вклучително и простории за сместување на опрема за одржување во заштитен простор;
  • Помошни објекти – градби кои служат за засолнување на луѓе и добиток, чување на земјоделска механизација и опрема, храна за животни и за времено сместување на земјоделски производи;
  • Објекти за примарна обработка на земјоделски производи – градби за одгледување на добиток и риби, за сместување на опрема за одржување на квалитетот на водата и животната средина, за преработка на примарни сточарски производи и риби, за складирање, чување и пакување на примарни земјоделски производи, за производство на вино, собирни центри за млеко, печурки и лековити растенија и кланички капацитети.

Образец „БАРАЊЕ“ преземи тука.

 
ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА-ЛУПД ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ ЗА АКВАКУЛТУРА ВО КО ДОЛЕНЦИ PDF Печати

Согласно чл. 65, став 16 од Законот за животна средина, а заради информирање на јавноста за можните влијанија врз животната средина при спроведување на планската документација - ЛУПД за изградба на објекти за аквакултура во КО Доленци, Демир Хисар, градоначалникот на општината Демир Хисар ја донесе следнава одлука:

Повеќе...
 
ЈAВЕН ОГЛАС ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ЈАВНИ РАБОТИ PDF Печати

Врз основа на Оперативниот план за изменување и дополнување на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување за 2012 година и Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2011-2015, Агенцијата за вработување на Република Македонија на ден 04.09.2012 година, објавува


ЈАВЕН ОГЛАС
до евидентираните невработени лица за вклучување во Јавни работи


1. Се повикуваат долгорочно евидентираните невработени лица, ниско квалификуваните невработени лица и повозрасните лица над 55 години кои се заинтересирани за вклучување во Јавни работи за период не подолг од 6 месеци, да се пријават во Единиците на локалната самоуправа односно Градот Скопје.
2. За секое невработено лице кое ќе биде работно ангажирано во Јавни работи се предвидува финансиска поддршка во износ од 7.600,00 денари (со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување) месечно.
3. Работното ангажирање на невработените лица за Јавни работи ќе се спроведува преку Единиците на локалната самоуправа односно Градот Скопје.
4. Правата и обврските помеѓу невработените лица, Единиците на локалната самоуправа односно Градот Скопје и Агенцијата за вработување на Република Македонија ке се уредат со склучување на посебни договори.
5. За време на Јавните работи работно ангажираните невработени лица не ги губат правата по основ на невработеност.
6. Заинтересираните невработени лица од точка 1 на овој Јавен оглас, пријави можат да поднесат најдоцна до 07.09.2012 година во Единиците на локалната самоуправа односно Градот Скопје.
Детални информации можат да се добијат во Единиците на локалната самоуправа односно Градот Скопје, во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на РМ.

 
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ PDF Печати

03.02.2012

ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ

На 03 и 04.08.2012, Центарот за јавно здравје, на територијата на општината Демир Хисар ќе ја спроведе ПРВАТА ФАЗА од теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19:00 до 06:00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап - возило.

Со оглед дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, на возилото со апаратурата за десинсекција ќе му претходи друго возило осначено со ротационо светло.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината Демир Хисар, подрачјата по течението на реките и водотеците, застојни води и подрачјата околу каналниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитати предвидени во планот и програмата.

Третирањето ќе се изведува со препаратот AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.

Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд...), дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања, можете да се јавите на отворениот телефон за контакт во Центарот за јавно здравје Битола: 208 100 и 208 101

 
Програма за волонтерство на општина Демир Хисар PDF Печати

Врз основа на член 6 од законот за волонтерство(,,Сл.весник на РМ бр. 85/07 и 161/08),  член 50 став1 точка 13 и 16 од Законот за Локална самоуправа(,,Сл,весник на РМ,бр.05/2002) Градоначалникот на Општина Демир Хисар донесе:

П   Р   О   Г   Р   А   М   А

За волонтерство на општина Демир Хисар

за 2012-2013 година


            Со оваа Програма се утврдува потребата од ангажирање на волонтери во општина Демир Хисар, видот на услугите и начинот и постапката за обезбедување на истите.

ОПШТИ ОДРЕДБИ

            Под волонтерство, согласно законот, се подразбира доброволно давање на лични услуги, знаења и вештини, или вршење на други активности во корист на општина Демир Хисар без надоместок.

            Под волонтерство не се подразбира вршење на волонтерски стаж, согласно со Законот за работни односи.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 10 од 11

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер