Соопштение за јавна анкета и јавна презентација PDF Печати

На предлог на Комисијата за урбанизам, формирана од Градоначалникот на општина Демир Хисар, согласно член 35 и член 46 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, Градоначалникот на општина Демир Хисар објавува Соопштение:

.

Врз основа на член 35, член 46, став 9,  од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ бр. 199/2015; 44/2015; ) и Измените на Законот, член  од Службен гласник на општина Демир Хисар, Градоначалникот на Општина Демир Хисар донесе:

.

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на јавна анкета и јавна презентација по однос на:

.

1.ЛУПД  за изградба на намена Д3 - спорт и рекреација на КП бр. 1703/1, КО Демир Хисар, со површина од 11983м2.

Јавната анкета за ЛУПД трае 5 работни дена, од 12-04-2016 до 18-04-2016год.  заклучно со 18.04.2016 година. Јавната расправа по ЛУПД-то и ќе се одржи на 13-04-2016год., година во малата сала во Домот на културата во Демир Хисар со почеток во 12.00 часот.

Планскиот документ ЛУПД за изградба на намена Д3 – спорт и рекреација, на КП бр. 1703/1, КО Демир Хисар, ќе биде изложен на јавно место во општина Демир Хисар, ул. "Битолска"  бб каде заинтересираните граѓани и правни лица во предвидениот рок на приложените анкетни листови ќе можат да ги дадат своите забелешки секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.

.

Градоначалник на општина Демир Хисар

Љупчо Блажевски


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер