Список на недоставени решенија и опомени за комунална такса и данок на имот PDF Печати

Соопштение

Им се соопштува на сите физички и правни лица кои се даночни обврзници по основ на  данок на имот и комунална такса, на кои не им било доставено решение, или од било кои причини не добиле решение со соодветно задолжение за 2016 година и опомени за заостанат долг за периодот заклучно со 2015 година, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на соопштението, да се јават во Одделението за финансиски прашања во Општина Демир Хисар на ул.Битолска бб,  за подигање на даночните решенија.

Списоците со недоставени решенија и опомени се објавени на огласна табла во просториите на Општина Демир Хисар, како и на официјалната веб страна www.demirhisar.gov.mk

Со објавеното соопштение, доставата на решенијата се смета за уредна и сите негативни последици што можат да настанат од неподигањето на решението, паѓаат на товар на самата странка.

Список на недоставени Решенија комунална такса 2016 г.  и не доставени  Опомени за 2016 г.

Список на недоставени Решенија за данок на имот за 2016 г. и не доставени  Опомени за 2016 г.


                                                                     ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ФИНАНСИСКИ ПРАШАЊА

                                                        РАКОВОДИТЕЛ

ВЛАТКО СТАНКОВСКИ

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер