Јавни претпријатија и установи
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ |
![]() |
![]() |
12.11.2020 . . Почитувани, . Согласно насоките добиени од страна на Министерството за финансии, а врз основа на Законот за Буџети и Законост за финансирање на единиците на локалната самоуправа, започнуваме со транспарентен процес на изработка на нацрт - буџетот за 2021 година. Со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации во креирање на Буџетот на општината за 2021 година, отпочнуваме со организирање и спроведување на активности, во кои ги покануваме и повикуваме јавно сите граѓани да се вклучат во процесот за донесување на Буџетот и во инкорпорацијата која е во рамките на буџетските програми. Сите граѓани ќе имаат можност да произнесат предлози, сугестии, идеи и препораки во одредени области на локалната самоуправа, како и предлог - идејни решенија, и да учествуваат во одлуките за донесување на општинскиот Буџет за 2021 година. Ќе пристапиме кон ефикасно имплементирање по однос на предвидениот консултативен процес, со што ќе се реализираат повеќето фази во подготовката на нацрт програмите на општината. Програмата опфаќа широк спектар на активности по однос на горенаведеното, и тоа по сектори од: инфраструктура, урбанизам и животна средина, образование, детска заштита и градинки, култура и спорт, локален економски развој и финансии и слично. Сите добиение предлози, идеи и препораки ќе бидат проследени, разгледани и сублимирани, а на транспарентен начин ќе се презентираат усвоените предлози и финалниот Буџет. . Во прилог ви ги доставуваме каналите за комуникации, преку кои ќе можете да испраќате ваши предлози и сугестии: - Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите - Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите - Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите |