Јавни претпријатија и установи
СООПШТЕНИЕ - ЈАВЕН ПОВИК |
![]() |
![]() |
03.12.2020 . . Се повикуваат сите заинтересирани кандидати - волонтери кои, доброволно ќе помагаат во општествено - здравствената криза, на лицата кои се заразени од корона вирусот, односно оние кои се во самоизолација, да се пријават во општината, секој работен ден од 08.00 до 15.00 часот.
Волонтирањето ќе биде во период од 03.12.2020 до 10.12.2020 година.
Волонтерите кои ќе се пријават доброволно, ќе вршат набавка и достава на потребни прехранбени производи, набавка на лекови и други намирници до оние семејства кои имаат потреба од истите, а во соработка и координација со Општинскиот кризен штаб.
Ве потсетуваме, а воедно и апелираме до нашите сограѓани да ги почитуваат мерките и препораките за заштита и превенција од вирусот, и тоа:
- да носиме заштитна опрема за устата и носот;
- редовно да вршиме дезинфекција на рацете;
- да ја одржуваме потребната дистанца;
- да не се групираме во поголеми групи.
.
Доколку се појават симптоми на корона вирусот (Covid-19) (висока температура, сува кашлица, отежнато дишење), граѓаните да не се лечат на своја рака, туку веднаш да се јават кај своите матични лекари.
Оние граѓани кои се во самоизолација да се воздржуваат од излегување од дома, да не примаат гости и да ги избегнуваат сите контакти.
Апелираме и понатаму дисциплинирано и совесно да постапуваме по мерките на Министерството за здравство, Владата на Република Северна Македонија, Светската здравствена организација и Кризниот штаб на Општина Демир Хисар, до конечното справување со корона вирусот (Covid-19) и сите да останеме во добро здравје.
Пријавувањето може да го направат лично во Општина Демир Хисар, телефонски или на електронската пошта на општината.
.
Лицa за контакт:
Игор Дамјаноски, 075 - 468 - 872
Даниел Станојоски, 077 - 906 - 663
Службен е-маил:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
|