Воспоставување на Механизам за жалби и поплаки во врска со „Проектот за поврзување на локални патишта“ PDF Печати

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за алоцирање на средства од Договорот за заем за „Проектот за поврзување на локални патишта“ („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 33/2020) со која за Општина Демир Хисар алоцирани се средства во износ од 694.618,81 ЕВРА.

Надлежен орган за искористување на средствата обезбедени од Светска банка е Министерството за транспорт и врски (МТВр) односно преку Единица за имплементација на проектот (ЕИП) со спроведување на Проектот за поврзување на локалните патишта(ППЛП).

Доделените средства ќе бидат искористени за изградба/реконструкција на локални патишта и улици во населените места во општината.

Првиот одобрен проект за финансирање е „Реконструкција на линиска инфраструктурна градба општински пат Р29371-Слоештица, Општина Демир Хисар“ во должина од 2300 м.

Проектантската вредност на проектот е 15.666.335,00 МКД.

Остатокот од алоцираните средства ќе биде искористен за изградба/реконструкција на локални патишта и улици чиј приоритет ќе биде одреден заедно со сите засегнати страни во општината.

Пред отпочнување на изградба/реконструкција се воспоставува процедура и Механизам за жалби и поплаки, кој им овозможува на засегнатите лица да поднесат жалби и поплаки во врска со директни и индиректни влијанија од Проектот, без надомест и со гаранција за навремено и задолжително решавање на жалбите и поплаките. Засегнатите страни можат и треба да реагираат до претставници на општината или месните заедници.

Процедурата и Механизмот за жалби и поплаки треба да бидат започнати во случај на повреда на правата на сопственост или нивно загрозување од аспект на безбедноста во сообраќајот, нарушување на кодексот на однесување на ангажираните работници кон локалното население или појава на одредени негативни влијанија врз медиумите на животната средина.

Постапката за активирање на Механизмот за жалби и поплаки е преку пополнување на печатен образец кој е достапен на веб страницата на Општина Демир Хисар, во Општина Демир Хисар и месни заедници.

Механизмот за жалби и поплаки и образецот за поплаки може да се превземе на следниот линк:

- Механизам за жалби и поплаки

- Образец за поплаки

>>> PDF

>>> Microsoft Word

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер