Програма за волонтерство на општина Демир Хисар Печати

Врз основа на член 6 од законот за волонтерство(,,Сл.весник на РМ бр. 85/07 и 161/08),  член 50 став1 точка 13 и 16 од Законот за Локална самоуправа(,,Сл,весник на РМ,бр.05/2002) Градоначалникот на Општина Демир Хисар донесе:

П   Р   О   Г   Р   А   М   А

За волонтерство на општина Демир Хисар

за 2012-2013 година


            Со оваа Програма се утврдува потребата од ангажирање на волонтери во општина Демир Хисар, видот на услугите и начинот и постапката за обезбедување на истите.

ОПШТИ ОДРЕДБИ

            Под волонтерство, согласно законот, се подразбира доброволно давање на лични услуги, знаења и вештини, или вршење на други активности во корист на општина Демир Хисар без надоместок.

            Под волонтерство не се подразбира вршење на волонтерски стаж, согласно со Законот за работни односи.

ВИД НА УСЛУГИ

            Општина Демир Хисар има потреба од ангажирање на  волонтери за извршување на рботи од надлежност на локалната самоуправа или други активности во интерес на потребите на граѓаните на општина Демир Хисар а во рамките на нејзините надлежности.

            Општина Демир Хисар има утврдено потреба за волонтирање на лица кои имаат завршено Правен факултет, Економски факултет, Факултет за јавна администрација, Архитектонски, Градежен, Сообраќаен, Машински факултет, други технички науки  и средна стручна спрема од сите области.

            Кандидатите потребно е да имаат познавање од работа со компјутери и странски јазик.

            Начинот на ангажирање на волонтерите ќе биде согласно потребите на општината,а исто така ќе се определи и бројот на волонтерите кои ќе бидат потребно да се ангажираат.

НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА АНГАЖИРАЊЕ

            За волонтери ќе се ангажираат лица кои веруваат во сопствените капацитети, поседуваат вештини за извршување на одредени задачи, можат да работат во тимови, имаат смисла за темелна посветеност во работата, лица со силен ангажман и предизвици на значајни проекти  во општината.

            Општина Демир Хисар ангажирањето на волонтерите ќе го врши  согласно потребите на општината со истакнување на објава  веб стреаната на општината, и на огласна табла во општината.

                                                                                                                        --2-.

Не се исклучува можноста да бидат ангажирани волонтери со доброволно пријавување на лицето кое сака да волонтира.

            Општината Демир Хисар не ја исклучува можноста  потребата од волонтери за особено битни работи да ја истакне и преку јавен оглас објавен  преку два  дневни весници.

            Во случаите  кога потребата е објавено преку објава и јавен оглас за лицата кои ќе бидат избрани за волонтирање ќе решава комисија формирана од Градоначалникот.

ПРАВА И ОБВРСКИ

            За извршување на работите, со лицата кои ќе бидат избрани ќе се склучи договор за волонтерство. Со него поблиску ќе се регулираат правата и обврските на волонтерите и општина Демир Хисар како организатор на волонтерската работа согласно законските одредби.

            Општина Демир Хисар на волонтерот ќе му издаде волонтерска книшка.

            Волонтерите за вршење волонтерската работа ќе бидат осигурени при доаѓање и враќасње од местото на волонтирање  и другите активности предвидени за време на волонтирањето во осигурителна компанија.

            Волонтерите имаат право на надоместок на трошоците за превоз и храна, но најмногу до 15% од просечната месечна плата во Република Македонија исплатена за претходната година. Трошоците за службени патување и трошоци за обука се исплатуваат во иста висина како за вработените во општината.

            Во договорот за волонтерство ќе се прецизира периодот  за извршување на волонтерската работа.

ЕВИДЕНЦИЈА

 

            Евиденцијта за волонтерската работа на волонтерите во општина Демир Хисар ќе ја врши државен службеник од областа на човечките ресурси.

            Оваа програма се донесува за периодот 2012-2013 година.

            Оваа програма влегува во сила со денот на донесувањето а ќе се објави во ,,Службен гласник на општина Демир Хисар,,.

                                                                                    ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

                                                                                                 Градоначалник

                                                                                               Тони Ангелевски