Упатство за добивање на одобрение за градење за објекти кои во рамки на ИПАРД програма се градат на градежно земјиште за кое е донесена урбанистичко планска документација PDF Печати
Потребни документи:
За добивање на одобрение за градење инвеститорот поднесува писмено барање (образецот на барањето е утврден со Правилникот за формата и содржината на барањето за одобрение и формата и содржината на одобрението за градење објавен во Службен Весник на Република Македонија бр.24/11) до општината на чие подрачје треба да се гради објектот.
Кон барањето се доставува следната документација:
1.Извод од планска документација (детален урбанистички план или урбанистички план за вон населено место или урбанистички план за село или локална урбанистичка планска документација).
2.Архитектонско – урбанистички проект заверен од надлежен орган доколку со урбанистичкиот план или локалната урбанистичка планска документација е предвидена изработка на овој проект.
3.Основен проект во три примероци со извештај за ревизија на основниот проект или писмен извештај со согласност за нострификација на основниот проект доколку истиот е изработен во странство.
4.Доказ за право на градење (имотен лист со запишано право на сопственост или право на долготраен закуп односно право на службеност на градежното земјиште на барателот или договор за пренесување на правото за градење на предметното градежно земјиште).
5.Геодетски елаборат за нумерички податоци за градешното земјиште.
Забелешка:Основниот проект содржи студија за оцената на влијанието на проектот врз животната средина односно елаборат за заштита на животната средина одобрени од надлежен орган, доколку со прописите од областа на животната средина е предвидено изработка на студија односно елаборат за овие градби.
Постапка за издавање на одобрение за градење:
Општината е должна во рок од 15 дена од приемот на барањето да ја разгледа доставенета документација и да утврди дали истата е комплетна, дали основниот проект е изработен во согласност со законските прописи и планската документација и дали барателот е единствен носител на правото на градење.
Доколку доставената документација е комплетна, надлежниот орган е должен да ги извести субјектите надлежни за електроенергетска водоводна и канализациона инфраструктура како и другите надлежни субјекти утврдени со Закон за градење, кои се должни да извршат увид во проектот и да се произнесат на записник дали имаат забелешки.
Доколку основниот проект е изработен во согласност со законските прописи и планската документација, субјектите за електроенергетска, водоводна и канализациона инфраструктура односно другите надлежни субјекти немаат забелешки и барателот е единствен носител на правото на градење, надлежниот орган е должен да го завери основниот проект и да достави до барателот известување со пресметка за плаќање за уредување на градежно земјиште (комуналии).
Инвеститорот е должен да го плати надоместокот за уредување на градежно земјиште или со општината да склучи договор за плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште на рати или да склучи договор со кој е уредено дека инвеститорот ќе го уреди здемјиштето на сопствен трошок или да достави банкарска гаранција за плаќање на надоместокот или да востанови хипотека во корист на општината а општината може да донесе и акт со кој инвеститорот ќе се ослободи од плаќање на надоместокот.
Одобрението за градење се издава во рок од 5 работни дена од доставување на доказ за регулиран надоместок за уредување на градежно земјиште (комуналии).
Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци:
Доколку доставената документација не е комплетна и/или основниот проект не е изработен во согласност со законските прописи и планска документација, субјектите надлежни за електроенергетска, водоводна и канализациона инфраструктура како и другите надлежни субјекти имаат забелешки и/или барателот не е единствен носител на правото на градење, општината е должна да донесе заклучок за прекинување на постапката и да го задолжи барателот да ги отстрани констатираните недостатоци и да го пополни барањето во рок од 15 дена на приемот на заклучокот.
Доколку барателот не ги отстрани констатираните недостатоци и не го дополни барањето, надлешниот орган е должен да донесе решение за одбивање на барањето за одобрение за градење во рок од 7 дена од истекот на рокот за дополнување, а доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и го дополни барањето, надлежниот орган е должен да достави до барателот известување со пресметка за плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште (комуналии), во рок од 2 дена од комплетирање на документацијата.
Контакт лице:
раководител на Одделение за урбанизам,
заштита на животна средина и комунални дејности

диа Соња Наумовска

тел. 047-552-661

е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер