Спорт PDF Печати

Демир Хисар има голема спортска традиција иако во изминативе години не се постигнати некои позабележителни резултати. Традиционално, во Демир Хисар најпопуларен спорт е фудбалот. Градското фудбалското игралиште и неколкуте игралишта во Граиште, Прибилци и Жван, се мегдан на коишто фудбалските вештини ги демонстрираат младите фудбалери од фудбалски клубови од скоро сите поголеми населени места кои се натпреваруваат во Општинската фудбалска лига. Највисоки фудбалски дострели постигнал поранешниот општински фудбалски клуб „Демир Хисар“ кој се натпреварувал во Втората Македонска фудбалска лига.

sportska sala

Спортска сала „Јордан  Пиперката“ 


Последниве години, на големо задоволство на љубителите на фудбалот, високи резултати постигнува ГК „Вардино“ од с. Вардино кој скоро една деценија успешно се натпреварува во III македонска фудбалска лига - југозапад.

Sportska_sala-vnatresnost

Најголемите очекувања за развој на другите спортови се родија со изградбата на Спортската сала „Јордан Пиперката“ во Демир Хисар коа беше предадена во употреба на 21 септември 2010 година. Салата е опремена со спортски реквизити за натпревари во ракомет, мал фудбал, кошарка, одбојка, пинг - понг и други спортови, како и со спортски реквизити за рекреативна  и гимнастика. Салата има и трибина со капацитет до 500 гледачи.

Sport._sala_-_1

Наскоро, и во СОУ „Крсте П. Мисирков“ ќе продолжат работите за изградба на новата фисклултурна сала за потребите на училиштето и граѓаните.

Со изградбата на Спортската сала „Jордан Пиперката“ и новата сала во средното училиште, како и со постојните фискултурни сали во Психијатриската болница и ОУ „Гоце Делчев“,  Демир Хисар ќе стане еден од ретките градови во РМ кој може да се пофали со 4 покриени спортски објекти.

Во градот Демир Хисар постојат уште 5 - 6 отворени асфалтирани игралишта и 1 игралиште со вештачка трева, а наскоро треба да започне изградбата на уште едно повеќенаменско игралиште.  

.

МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ВАЛЕНТИН СТЕФАНОВСКИ“, 2017 ГОД.

                                                                                                      

mm turnir1

memorijalen turnir

.

2019 ГОД.

petti-memorijalen-turnir-v.s-sport

petti-memorijalen-turnir-v.s.-sport-1

petti-memorijalen-turnir-v.s.-sport-2


.

IV ХУМАНИТАРЕН МЕЃУИНСТИТУЦИОНАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ - 2018 ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА ГРАДОНАЧАЛНКОТ СТОЈАНОВСКИ


veb turnir1

toni

.

Други спортски терени

Igraliste-1Igraliste-2Igraliste-3Igraliste-4


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер