Вести
50 ГОДИНИ ОД ВОЗОБНОВУВАЊЕТО НА АВТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ-ОА - 11 PDF Печати
Вести
17992261_207384246431521_4064323366656523157_n

25.04.2017

НАСТАНОТ ЌЕ ГО ОБЕЗБЕДУВА „НИКОБ“

Реномираната домашна и најстара агенција за обезбедување „НИКОБ“ од Скопје ќе се грижи за безбедноста на посетителите на неделната канонизација во манастирот Свети Јован Претеча.

Тим од повеќе од 10 стручно – лиценцирани лица за физичко обезбедување ќе се грижат за комплетниот ред и мир за време на одржувањето на сите процесии што ќе се случуваат в недела во времето од 08:30 до 14 часот кога се очекува да заврши службениот и уметничкиот дел од настанот.

Посебно за истакнување е тоа што оваа Агенција, како општествено одговорна компанија, за овој настан своите услуги ги понуди бесплатно.

Ова денеска го договори Кабинетот на градоначалникот на Општина Демир Хисар, а сè со цел што подобра организација на целиот настан.

Повеќе...
 
50 ГОДИНИ ОД ВОЗОБНОВУВАЊЕТО НА АВТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ-ОА - 10 PDF Печати
Вести
index

25.04.2017

СЕ РАЗМИСЛУВА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ

Никој не може ни приближно да предвиди, колку верници ќе допатуваат во Свети Јован Претеча на неделниот голем и редок верски настан. Но за да се направи сообраќаен метеж, доволен е само еден голем автобус од било кои причини да застане на коловозот и цел сообраќај да се парализира.

Од овие причини градоначалникот, неговите соработници и игуменот Серафим сериозно размислуваат да предложат решенија за воведување посебен сообраќаен режим. Така, речиси е сигурно дека големите автобуси нема да се пуштаат во Слепче, а ни случајно до Манастирот. Односно, ќе се стопираат во Демир Хисар, кај Автобуската станица од каде што, за сите патници од автобусите, Општината ќе организира бесплатен превоз до Манастирот со минибуси и патнички комбиња.

Повеќе...
 
50 ГОДИНИ ОД ВОЗОБНОВУВАЊЕТО НА АВТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ-ОА - 9 PDF Печати
Вести
Natstresnica-1

24.04.2017

РЕКОНСТРУИРАНА НАТСТРЕШНИЦАТА НА СТАРИОТ КОНАК

Откако општината ја пребетонира терасата на стариот конак во должина од над 50 метра, вчера заврши и реконструкцијата на натстрешницата. Со пари на манастирот и една приватна компанија, извршена е целосна реконструкција на дрвената конструкција и е заменета старата и дотраена пластична покривка со нова, метална.
Паралелно со овие активности, Општината спроведува молеро - фарбарски активности во големата трпезарија и пребојосување на внатрешната и надворешната столарија.

Повеќе...
 
50 ГОДИНИ ОД ВОЗОБНОВУВАЊЕТО НА АВТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ-ОА - 8 PDF Печати
Вести
Brifing_so_igumenot-1

24.04.2017

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ИГУМЕНТОТ НА РЕДОВЕН БРИФИНГ

Во рамките на интензивните подготовки пред престојниот голем настан што ќе се случи в недела во манастиорот Свети Јован Претеча, градоначалникот на Општина Демир Хисар Љупчо Блажевски кого го придружуваше директорот на ЈКП „Комуналец“ Пецо Наловски, имаше неколкучасовна тет - а - тет средба со игуменот Серафим. Тие разговараа за текот на подготовките и ги координираа заедничките активности, се со цел, што подобар и поорганизиран пречек , престој и испраќање на илјадниците посетители.

Повеќе...
 
50 ГОДИНИ ОД ВОЗОБНОВУВАЊЕТО НА АФТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ - ОА - 7 PDF Печати
Вести
Prosiruvanje_pat-1

21.04.2017

СЕ ПРОШИРУВА И УРЕДУВА ПАТОТ ДО СВЕТИ ЈОВАН ПРЕТЕЧА

Во должина од над 3 километри, деновиве интензивно се работи на уредување на патот до манастирскиот комплекс Свети Јован Претеча кај Слепче. Во целата должина, од градот Демир Хисар, па се до влезот пред манастирот, екипа на косачи од „Комуналец“ и од Општината, од завчера започна со косење на тревата, троскотот и други дрвни израстоци на банкините од двете страни на коловозот. 

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 3 од 183

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер