Вести
„АРТ ПОИНT - ГУМНО“ PDF Печати
Вести
Art_point_-_Gumno

АМЕРИКАНСКИ УМЕТНИЦИ ВО ДЕМИР ХИСАР

Десет студенти од ликовната академија при Универзитетот на Северна Каролина од Вилмингтон, САД, предводени од нивната професорка, Памела Тол, 30 – ина дена ќе престојуваат во нашава замја. Тие ќе ги посетат и ќе престојуваат во Скопје, Охрид, Битола и Крушево, а од 13 – 27 јуни ќе престојуваат и творат во селото Слоештица, демирхисарско, во меѓународниот центар за уметност и одржлив развој „Арт Поинт“ – Гумно“.

Повеќе...
 
СЕ ЧИСТИ ЦРНА PDF Печати
Вести
IMG_3940

СЕ ЧИСТИ  КОРИТОТО НА ЦРНА РЕКА

Со тешка механизација, започна чистењето на коритото на Црна Река по течението на реката во општината Демир Хисар. Армијата и општината се договорија, во атарите на селата Единаковци и Света, да се расчисти коритото и да се корегира водотекот на Црна Река во должина од околу  2,5 километри. За оваа цел обезбедени се 15000 литри нафта.

Повеќе...
 
НЕВРЕМЕ PDF Печати
Вести

IMG_3925-SIMG_3938-S

СИЛНО НЕВРЕМЕ ГИ УНИШТИ ПРОЛЕТНИТЕ КУЛТУРИ

Денеска околу 5 часот наутро, поширокото подрачје на општината Демир Хисар го зафати силно невреме проследено со обилни врнежи од град. Градот со големина на зрно од лешник речиси целосно го побеле плодородното мургашевско, граишко, вардинско и светско-единаковско поле. Огромни површини засадени со пролетни градинарски култури (пипер, домати, грав) се речиси целосно уништени. На одредени парцели оштетувањата се толку големи, што ќе мора или да се пресадат или да се преораат. Штети има и врз есенските посеви и овошните насади – голем број површини под пченица и јачмен се, исто така,  оштетени и полегнати, а плодот на овошните насади е скоро целосно уништен.

Повеќе...
 
НОВА ВЕБ СТРАНИЦА PDF Печати
Вести
D.Hisar-small

Почитувани сограѓани,

На 1 – ви јуни 2011 г. општината Демир Хисар ја пушти во функција новата веб страница – www.demirhisar.gov.mk. Таа е целосно редизајнирана и ажурирана со цел унапредување на повеќенасочната комуникација со јавноста, пред се граѓаните, и претставува суштинска промена на концептот на презентација на сите активности, настани, документи, информации.

Повеќе...
 
300 ИЛЈАДИ ЗА СОПОТНИЦА И СЛОЕШТИЦА PDF Печати
Вести
Sanacija-Sopotnica

Речиси цела работна недела, оперативата на градското комунално претпријатие „Комуналец“ интензивно работеше на санирање на оштетувањеата на асфалтната подлога на улиците во Сопотница и Слоештица. Се чистеа оштетувањата, се поставуваше тампон подлога, а потоа се асфалтираа сите оштетувања направени уште при изградбата на канализациските мрежи од пред 3 – 4 години. Поставен е тампон и асфалт на површина од над 130 квадратни метри, што општината ја чини над 300 илјади денари.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 271 272 273 274 275 276 277 278 Следно > Крај >>

Страница 272 од 278

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер