Вести
НЕВРЕМЕ PDF Печати
Вести

IMG_3925-SIMG_3938-S

СИЛНО НЕВРЕМЕ ГИ УНИШТИ ПРОЛЕТНИТЕ КУЛТУРИ

Денеска околу 5 часот наутро, поширокото подрачје на општината Демир Хисар го зафати силно невреме проследено со обилни врнежи од град. Градот со големина на зрно од лешник речиси целосно го побеле плодородното мургашевско, граишко, вардинско и светско-единаковско поле. Огромни површини засадени со пролетни градинарски култури (пипер, домати, грав) се речиси целосно уништени. На одредени парцели оштетувањата се толку големи, што ќе мора или да се пресадат или да се преораат. Штети има и врз есенските посеви и овошните насади – голем број површини под пченица и јачмен се, исто така,  оштетени и полегнати, а плодот на овошните насади е скоро целосно уништен.

Повеќе...
 
НОВА ВЕБ СТРАНИЦА PDF Печати
Вести
D.Hisar-small

Почитувани сограѓани,

На 1 – ви јуни 2011 г. општината Демир Хисар ја пушти во функција новата веб страница – www.demirhisar.gov.mk. Таа е целосно редизајнирана и ажурирана со цел унапредување на повеќенасочната комуникација со јавноста, пред се граѓаните, и претставува суштинска промена на концептот на презентација на сите активности, настани, документи, информации.

Повеќе...
 
300 ИЛЈАДИ ЗА СОПОТНИЦА И СЛОЕШТИЦА PDF Печати
Вести
Sanacija-Sopotnica

Речиси цела работна недела, оперативата на градското комунално претпријатие „Комуналец“ интензивно работеше на санирање на оштетувањеата на асфалтната подлога на улиците во Сопотница и Слоештица. Се чистеа оштетувањата, се поставуваше тампон подлога, а потоа се асфалтираа сите оштетувања направени уште при изградбата на канализациските мрежи од пред 3 – 4 години. Поставен е тампон и асфалт на површина од над 130 квадратни метри, што општината ја чини над 300 илјади денари.

Повеќе...
 
ЌЕ СЕ ЧИСТИ ЦРНА РЕКА PDF Печати
Вести

АРМИЈАТА И ОПШТИНАТА ЌЕ ГО ЧИСТАТ КОРИТОТО НА ЦРНА РЕКА

ARM-cistenje_rekiСо тешка механизација на Армијата на Рапиблика Македонија, наскоро треба да продолжи акцијата за чистење на коритото на Црна Река по течението во општината Демир Хисар. Според договорот што деновиве градоначалникот на општината Тони Ангелевски го потпиша со министерот за одбрана Зоран Коњановски, ќе се работи на расчистување на коритото во должина од околу 2,5 килопетри, во атарите на селата Единаковци и Света.

Повеќе...
 
КАМЕН ТЕМЕЛНИК PDF Печати
Вести

ЌЕ СЕ ГРАДИ НОВО ИГРАЛИШТЕ


Igraliste-1Како дел од проектот на Агенцијата за млади спорт за изградба на 100, таканаречени повеќенаменски мааилски игралишта, деновиве ќе започне изградбата на такво игралиште и во Демир Хисар.

По повод 24 – ти мај, Денот на просветителството, во Демир Хисар на свечен начин беше поставен камен – темелникот. Во присуство на голем број граѓани, ученици, спортски работници и претставници на локалниот јавен живот, пред присутните говореа, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов, пратеникот Живко Пејковски, градоначалникот Тони Ангелевски и министерот Антонио Милошоски. На свеченоста присуствуваше и министерот за одбрана, Зоран Коњановски.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 271 272 273 274 275 276 277 278 279 Следно > Крај >>

Страница 274 од 279

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер