Вести
Доизградба на фискултурна сала PDF Печати
Вести
ДОИЗГРАДБА НА СПОРТСКАТА САЛА ВО СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ

 Како резултат на вонредниот ангажман на градоначалникот на општината Тони Ангелевски, директорот на СОУ „Крсте П. Мисирков“ Кире Ристевски и Училишниот одбор, по децениската неизвесност, конечно ќе се доизгради спортската сала во ова училиште. Со одлука на Владата и Министерството за образование и наука, овој проект влезе во програмата за капитални инвестиции во образованието за 2011 и 2012 година и се обезбедија потребните финансиски средства.

Повеќе...
 
Час со градоначалникот PDF Печати
Вести
НАСТАВЕН ЧАС СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

Nastaven_cas_kaj_gradonacalnikot-1Учениците од  IV одделение од ООУ „Гоце Делчев“, во присуство на градоначалникот на општината Тони Ангелевски, денеска во неговиот кабинет одржаа наставен час по предметот Општество.

Повеќе...
 
Ден на здравството PDF Печати
Вести
ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 7 АПРИЛ

„По повод 7 – ми Април, Светскиот ден на здравјето, на сите здравствени работници на подрачјето на  Општината Демир Хисар, им испраќам искрени честитки, со желба, во најскоро време здравството во нашата општина да биде во значително подобра положба. Ценејќи ја Вашата значајна улога во изградбата на здравствениот систем, како и вашата грижа за здравјето на граѓаните, Ви упатувам искрени честитки“, порача  Градоначалникот на Општината Демир Хисар Тони Ангелевски во честитката испратена денеска до сите јавни и приватни здравствени работници во општината.

Повеќе...
 
Прием PDF Печати
Вести

PZO-priem-1

ПРИЕМ ЗА ПРИВАТНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ

За 17 приватни здравствени установи, колку што делуваат во општината Демир Хисар, по повод 7 – ми Април, Светскиот ден на здравјето, градоначалникот на општината Демир Хисар Тони Ангелевски, денеска приреди свечен прием во неговиот кабинет.
Повеќе...
 
Во посета на СОУ „К.П. Мисирков“ PDF Печати
Вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВО ПОСЕТА НА УЧИЛИШТАТА
Vo_Krste_Misirkov-1Речиси полни шест часа, градоначалникот на општината Демир Хисар Тони Ангелевски беше во работна посета на учениците, наставниците и вработените во средното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“.
- Училиштето не памети досега да го посетил било кој градоначалник со програма да го запознаат учениците, да ги слушне нивните размислувања, директно и непосредно да разговара со професорите и другите вработени за постигнувањата, проблемите и идните проекти на училиштето, рече покрај другото, директорот Кире Ристевски при заедничката посета на часовите на матурантите.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 271 272 273 274 275 276 277 278 Следно > Крај >>

Страница 275 од 278

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер