|
ДЕН НА ДРВОТО-ПОДГОТОВКИ |
|
|
Вести
|
ПОДГОТОВКИ ЗА ДЕН НА ДРВОТО
Пролетниот дел од годинашната акција „ДЕН НА ДРВОТО“, ќе се одржи кон крајот на март. Вака е заклучено на седница на Управниот одбор на ЗЕЛС. Зависно од големината на општината и бројот на жителите, обезбедени се доволен број задници што ќе бидат посадени во урбани средини - дворови на јавни установи, училишта, градинки и други локации што ќе ги утврди општината. Односно, задниците ќе бидат расподелени по општини според критериумот, 40% според бројот на жителите и 60% според површината на општината. Садниот материјал ќе се состои од: чемпрес, багрем, јавор, јасен, костен, дива маслинка, даб, аризонски чемпрес, јасен и бреза, или вкупно 2.928.765 стебла.
|
Повеќе...
|
ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИ |
|
|
Вести
|
ЗАПОЧНА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ДИВОГРАДБИ
Денеска официјално стартуваше примената на Законот за постапување со бесправно изградени објекти со што официјално започна легализацијата на дивоизградените објекти. Според одредбите од Законот, барањата за легализација ќе се поднесуваат во рок од шест месеци, односно до септември оваа година.
|
Повеќе...
|
|
ТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА |
|
|
Вести
|
ТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА“ ВО ДЕМИР ХИСАР
Во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) и со поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), во текот на март, во Демир Хисар ќе биде спроведен дел од проектните активности од проектот „Транспарентна општина“.
Предвидено е преку работна средба со Градоначалникот, предавања за претставници на локалната самоуправа и советниците во Советот на општината, претставници на невладините организации, јавните претпријатија, бизнис секторот и месните заедници, да се изнајдат и утврдат начините на информирање во општината како и формите на комуникација со граѓаните.
|
Повеќе...
|
ТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА |
|
|
Вести
|
ДЕМИР ХИСАР
11.02.2011
ОБУКА ОД ПРОЕКТОТ „ТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА“
На 10.02.2010 година, во хотел “Капри“, Битола беа поканети и присуствуваа претставници од општините од Пелагонискиот регион, од општините Битола, Новаци, Могила, Ресен и Демир Хисар беа запознаени со проектот кој се спроведува трета година по ред, неговите цели и придобивки, досегашните постигнувања и она што ќе се работи во наредниот период, до месец мај, 2011 година, кога и се заокружува оваа програма за подигнување на транспарентното работење во општините.
|
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 271 272 273 274 275 276 277 278 279 Следно > Крај >>
|
Страница 278 од 279 |