Вести
ТРКА НА МИРОТ 2016 -2 PDF Печати
Вести
TRKA_NA_MIROT-MARSRUTA
ТРКА НА МИРОТ НИЗ ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

15.09.2016

Општина Демир Хисар на 26. овој месец ќе биде дел од Трката на мирот – глобална штафета со факел која што го симболизира универзалниот стремеж на човештвото за повеќе мир во светот.
Трката на мирот која што се одржува веќе 27 години го претставува најдолгиот и најголемиот напор кој што е организиран на локално и глобално ниво за мир во светот, а факелот на мирот досега има посетено повеќе од 140 нации.
Повеќе...
 
ТРКА НА МИРОТ 2016 - 1 PDF Печати
Вести
peace-run_

ШТАФЕТНАТА ПАЛКА НА МИРОТ ПРВПАТ ВО ДЕМИР ХИСАР

На 24 февруари европскиот тим ја започна трката за 2016 година овој пат од Порто, Португалија кој е еден од градовите на светското наследство на УНЕСКО. Трката на Мирот ке помине низ сите 49 земји во Европа во текот на 7 месеци се до 8 октомври 2016 кога ке заврши во Рим, Италија.

Палката на глобалната штафетна трка, првпат, на 26. септември ќе помине и престојува во Демир Хисар.

Централната манифестација ќе се одржи на градскиот плоштад „8. септември“ во Демир Хисар, во 11:00 часот.

 
КУЛТУРА PDF Печати
Вести
Izlozba-karolina-1

07.09.2016

Прва изложба на фотографии во Демир Хисар

ФОТОГРАФИИТЕ НА НОВИНАРКАТА МИЦЕВСКА, НА ИЗЛОЖБЕНО ПАНО ВО ДЕМИР ХИСАР

Познатата прилепска новинарка Каролина Мицевска е најоригинален показ, колку фотографијата како визуелен медиумски израз, може да биде во позитивна и надополнувачка функција на новинарската сторија. Таа е новинар кој што со своите фото прилози дава и документира визуелна веродостојност, и со својот фотоапарат, „спасува и спаструва од заборав“ голем број настани од сите сфери на животот.

Повеќе...
 
СПОРТ PDF Печати
Вести
Stadion_-_potpisuvanje-1

ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА ФУДБАЛСКОТО ИГРАЛИШТЕ


Демир Хисар, после 71 години постоење како општина, конечно ќе ги исполни сонот, желбата и аманетот на демирхисарските фудбалски легенди: Пејката, Попето, Мијакот, Бобекот, Симе Наловски, Ковачот, Количот, Дончо Мицковски, Кркачот, Перо Влавот, Стерјата, Џорџот...Блаже од Прибилци, Ацко Шуте, Тоше од Прибилци, Максим Тајтан, Јонче од Жван, Боше Дрмонот, Крсте Мицевски....и плејада ненамерно неспомнати фудбалски асови!
Повеќе...
 
ОБРАЗОВАНИЕ PDF Печати
Вести
Nova_ucebna_godina-1

ЗБОГУМ РАСПУСТУ, ПОЧНА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА!

01.09.2016

Првото септемвриско ѕвоно, денеска го означи почетокот на новата учебна година за демирхисарските основци и средношколци.

Река од ученици и родители на новите првоодделенци, изутрина се слеваше кон сите училишта низ општинава, а најсвечено и највузбудливо беше секаде каде што имаше првоодделенци кои денеска прпат зачекорија кон училишните врати.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 9 од 178

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер