Вести
ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА PDF Печати
Вести
Sostanok_vo_MANU-1

08.06.2017

СОСТАНОК ВО МАНУ - БЛАЖЕВСКИ СЕ СРЕТНА СО ЦВЕТКОВСКИ И КАСАПОВА

На околу еден месец пред официјалниот почеток на првата Демирхисарска летна школа, градоначалникот Љупчо Блажевски вчера во Македонската академија на науките и уметностите имаше работна средба со научниот раководител на Школата, познатиот македонски византолог, проф. д-р Сашо Цветковски и професорката на Архитектонскиот факултет, проф. д-р Елизабета Касапова.

Повеќе...
 
СПОРТ И МЛАДИ PDF Печати
Вести
Moto_kros-1

07.06.2017

ЌЕ СЕ УРЕДУВА МОТО КРОС ПАТЕКА

На просторот на некогашната песокарска база на смилевската задруга кај Белче, првпат ќе се уредува мото крос патека.

Всушност, два - тројца демирхисарски пасионирани крос моторџии, самоиницијативно и на сопствен трошок уште минатата година на овој простор каде што пред неколку години беше депонирана поголема количина земја од изградбата на спортската сала, трасирале мото крос патека и повремено рекреативно возат со своите мото крос машини.

- Има и други заинтересирани за да купат крос мотори и да нѝ се приклучат, но нѝ треба помош во механизација и изведба на дополнителни земјени работи, како и тампонирање на пристапниот пат - велат Дончо Дрмоновски познат демирхисарски моторџија и иноватор и помладиот мотокросист, Васе Талевски кои со својата упорност и ентузијазам поттикнаа интерес кај градоначалникот Љупчо Блажевски.

Moto_kros-2

Деновиве градоначалникот Блажевски излезе на терен и изврши увид на состојбата на постојната мото крос патека, којашто, како што рече, иако сеуште нема регулиран правен статус, за рекреативните потреби на демирхисарските моторџии ќе се извршат извесни интервенции.

Мото крос патеката посебно атрактивна ја прават близината на Црна Река и близината до регионалниот пат за Кичево, односно Крушево.

- Во текот на летово, можна е организација на ревијална трка на кросисти од Битола, Прилеп и другите соседни градови, велат Дончо и Васе.

Moto_kros-3
 
КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ PDF Печати
Вести
Pazar-1

07.06.2017

ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА ГРАДСКИОТ ПАЗАР ВО ДЕМИР ХИСАР

По речиси 40 години откако е изграден во почетокот на 80те години, наскоро ќе се изврши целосна реконструкција на гратскиот пазар во Демир Хисар.
Преку Пелагонискиот плански регион, Општина Демир Хисар ја обезбеди речиси целокупната финансиска конструкција за овој реконструктивен зафат којшто треба целосно да го промени ликот на дотраениот, руиниран и несоодветен за својата намена гратски пазар во Демир Хисар.

Реконструкцијата ќе опфати целосно заменување на постојните тезги, оградна и покривна конструкција над главната плоштадка, влезни порти од четирите страни, електрична инсталација со осветление, како и санитарен јазол - проблем што остана без решение уште од изградбата до денес. 
Санитарниот јазол ќе се гради како засебен проект, паралелно со реконструкцијата, а како целосна инвестиција на општината.

Проектната вредност на реконструкцијата на пазарот без санитарниот јазол изнесува околу 6.200.000 денари. Општината се обврза да обезбеди сопствено учество од околу 120 до 150 илади денари, како и комплетно финансирање на изградбата на санитарниот јазол.

Pazar-2

На 31. минатиот месец се објави огласот за јавна набавка, односно за избор на најповолен изведувач кој ќе биде избран најдоцна до крајот на јуни. Што ќе рече избраниот изведувач ќе биде обврзан да ги заврши реконструктивните работи најмногу за 60 дена.

Pazar-3
 
ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА PDF Печати
Вести
Smilevo-nov_pat-probivanje-1

01.06.2017

СЕ ПРОБИВА ТРЕТИОТ КИЛОМЕТАР ПРЕД „СВЕТИ ПЕТАР“

Тешка градежна механизација интензивно изведува земјени работи на пробивање на новиот пат до манастирот Свети Петар кај Смилево – инвестиција на Општина Демир Хисар и Европската унија.

Според зборовите на одговорните лица и машинистите, во моментот на посетата на градоначалникот Љупчо Блажевски и заедничкиот увид на работите со надзорот на Општина Демир Хисар, пробиени се 2740 метри што отприлика е половина од целата должина на патот.

Но, како што беше информиран градоначалникот Блажевски, со оглед дека на теренот се појави поровливо и некарпесто земјиште, се очекува работите да напредуваат побрзо.

На потегот од пробиениот терен се простира земјена траса со здрава карпеста подлога на планумот на некои места широка повеќе од 10 до 15 метри и со уште поголеми проширувања за разминување на секакви моторни возила.

Smilevo-nov_pat-probivanje-2

- Со оглед на обемноста и сериозноста на овој голем градежен зафат, очекувам до Петровден кога е славата на Манастирот (12.07), целата траса да биде пробиена, а земјениот коловоз да биде нивелиран и тампониран што ќе значи проодност на патот во двата правци. Се надевам дека на Илинден ќе имаме голема и повеќекратна причина за голема прослава – вели градоначалникот на Општина Демир Хисар Љупчо Блажевски.

Патот ќе биде долг 5699 метри, широк 3,5 метри, со банкини од тампониран слој во широчина од по 75 сантиметри и 18 пропусти за прифаќање на атмосферските води.

260 илјади евра се обезбедени од Европската унија преку ИПА претпристапните фондови и истите се администрирани според правилата на Светска банка, а остатокот до 468.828 евра, колку што изнесува проценетата вредност, како долгорочно кредитно задолжување, ги обезбеди општината.

Smilevo-nov_pat-probivanje-4
Smilevo-nov_pat-probivanje-3
 
МЛАДИ И СПОРТ - ГРАТСКИ СТАДИОН PDF Печати
Вести
Uvid-stadion-1

15.05.2017

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БЛАЖЕВСКИ ИЗВРШИ УВИД НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА СТАДИОНОТ

Започнатите градежни работи на реконструкцијата на градскиот стадион се одвиваат според планираната динамика. 

При денешниот увид, градоначалникот Љупчо Блажевски беше информиран дека во моментов оперативата е ангажирана околу извршувањето на занаетчиските работи во соблекувалните. Се работи на поставување на санитарните подни и ѕидни плочки во купатилата и тоалетите, а наредниве денови целосно ќе биде завршена фасадата.

Паралелно со овие активности, изведувачот е ангажиран околу постaвувањето на металната ограда и бетонските фундаменти за рефлекторското осветлување, а друга градежна компанија ќе започне со уредување на каналот за отпадни води и пристапен мост од западната страна на стадионот.

Uvid-stadion-2

Uvid-stadion-4
Uvid-stadion-3
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 2 од 185

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер