Вести
На 25 Јули 2011 во Демир Хисар и Сопотница ИПАРД инфо ден PDF Печати
Вести

Врз основа на претходната најава за објавување на Јавен повик 02/2011 од 16.07.2011 за доставување на барања за користење на средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата 2007-2013), Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Годишниот акционен план за комуникација за 2011 година, во периодот од 18-29 Јули организира инфо денови.

Повеќе...
 
НАУЧНА ТРИБИНА ВО БАБИНО PDF Печати
Вести
Tribina-1

Локалната самоуправа ја анимира секоја добра идеја што доаѓа од приватниот сектор. Како една од стратегиските цели на општината Демир Хисар во рамките на долгорочните развојни визии е и развојот на туризмот, посебно селскиот, манастирскиот, верскиот и културниот туризам преку искористувањето на огромните потенцијали и природни предиспозиции на овој регион. – рече во изјавата за медиумите градоначалнкот на општината Демир Хисар, Тони Ангелевски пред почетокот на научната трибина во селото Бабино.

Повеќе...
 
ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ PDF Печати
Вести
Idninata_na_zdrav_temel-so_grb_na_DH-s

НАСКОРО ПРВИТЕ РЕШЕНИЈА

На нешто повеќе од месец ипол од последниот рок, до општинската комисија за легализација на бесправно изградени објекти секојдневно се поднесуваат барања од граѓаните. Иако интересот е под очекувањата, сепак, како одминуваат роковите, така се зголемува и бројот на поднесоците. Така, од март кога започна да течи шестмесечниот рок, до Комисијата досега се поднесени 40 – ина барања, главно за легализација на деловни, станбени и помошни објекти, претежно во градот, но и во другите рурални населени места.

Повеќе...
 
СЕ ОДРЖА ЈАВНА ТРИБИНА PDF Печати
Вести
HPIM5652

ЕУ ФОНДОВИТЕ- МОЖНОСТ ИЛИ  ПРЕДИЗВИК ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ

Во рамките на проектот на Инситутот за Демократија „Социетас Цивилиц - Скопје: „Зајакнување на цицилното општество преку градење на капацитетите, промовирање на локалниот развој преку поголема искористеност на ЕУ фондовите“, во Демир Хисар се одржа јавна трибина на тема: „ЕУ фондовите – можност или предизвик за локалнен развој“.

Повеќе...
 
ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА НА УПРАВУВАЊЕ НА „КОМУНАЛЕЦ“ PDF Печати
Вести
Grb_na_opstinata-smal

Проблемите на локалната црковна власт околу управувањето, уредувањето и одржувањето на градските гробишта во Демир Хисар дефинитивно се симнаа од дневен ред. Членовите на Советот на општината Демир Хисар едногласно донесоа пакет акти со кои што јавното комунално претпријатие “Комуналец“ целосно го презема управувањето со гробиштата, односно целосно се регулираат односите во оваа комунална сфера.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 181 182 183 184 185 186 187 188 189 190 Следно > Крај >>

Страница 186 од 195

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер