Вести
108 ГОДИНИ ОД СМИЛЕВСКИОТ КОНГРЕС PDF Печати
Вести
108 ГОДИНИ ОД СМИЛЕВСКИОТ КОНГРЕС

По повод 108 години од одржувањето на легендарниот Смилевски конгрес  (2-7.05.1903) и 7 мај, Денот на македонската полиција, делегација на општината Демир Хисар предводена од градоначалникот Тони Ангелевски, утре ќе положи цвеќе на споменикот на смилевските Илинденци во с. Смилево.

Повеќе...
 
ОБУКА PDF Печати
Вести
ЗАПОЧНА ДВОДНЕВНАТА ОБУКА

Денеска во Демир Хисар започна дводневната обука за успешно  бизнис планирање. Обуката ја спроведува БЦС Битола (Business Start up Centre) во соработка со општината Демир Хисар и е наменета пред се, за постоечки и потенцијални претприемачи кои сакаат да ги подобрат и прошират своите бизниси или да основаат нови.

Повеќе...
 
ТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА PDF Печати
Вести
ДЕМИР ХИСАР ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ ТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА

            Како дел од проектот Транспарентна општина во кој што се вклучени општината Демир Хисар и 13 општини, денеска во кабинетот на градоначалникот се одржа работна средба на претставници на ЗЕЛС и Проектот за локална самоуправа при УСАИД, со раководителите на одделенијата и други вработени во општинската администрација. На присутните им беше презентиран Правилникот за јавност во работата на општината, како и содржината од Планот за јавност во работата на општината.

Повеќе...
 
Доизградба на фискултурна сала PDF Печати
Вести
ДОИЗГРАДБА НА СПОРТСКАТА САЛА ВО СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ

 Како резултат на вонредниот ангажман на градоначалникот на општината Тони Ангелевски, директорот на СОУ „Крсте П. Мисирков“ Кире Ристевски и Училишниот одбор, по децениската неизвесност, конечно ќе се доизгради спортската сала во ова училиште. Со одлука на Владата и Министерството за образование и наука, овој проект влезе во програмата за капитални инвестиции во образованието за 2011 и 2012 година и се обезбедија потребните финансиски средства.

Повеќе...
 
Час со градоначалникот PDF Печати
Вести
НАСТАВЕН ЧАС СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

Nastaven_cas_kaj_gradonacalnikot-1Учениците од  IV одделение од ООУ „Гоце Делчев“, во присуство на градоначалникот на општината Тони Ангелевски, денеска во неговиот кабинет одржаа наставен час по предметот Општество.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 181 182 183 184 185 186 187 188 189 190 Следно > Крај >>

Страница 190 од 193

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер