Вести
МИНИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ PDF Печати
Вести

Демир Хисар

09.02.2011

МИНИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ ВО ДЕМИР ХИСАР


Во Демир Хисар започнаа  јавната анкета и презентација на локалната планско урбанистичка документација за изградба на две мини хидроелектрани.

Станува збор за донесување на локална урбанистичка планска документација за изградба на две мини хиодроелектрични централи. Проектот за првата централа предвидува зафаќање на водотеците од Мала Река од с. Базерник, изградба на доводен цевковод до с. Бабино каде што ќе биде изграден таканаречениот машински дел од хидроцентралата.

Повеќе...
 
Градоначалникот и пратеникот со водичарите PDF Печати
Вести
ВОДИЦИ 2011


ОЛИВЕР ЈАНКУЛОВСКИ ВО ВАРДИНО, ДАНИЕЛ МРЕНОШКИ ВО СОПОТНИЦА И ПЕЦЕ НИКОЛОВСКИ ВО СЛЕПЧЕ, беа највештите и најсреќните пливачи кои го фатија Светиот Крст во осветените води на Црна Река и селските реки во Сопотница и Слепче.
Сите посакаа годината што следува да биде среќна за нив и за нивните семејства.

Повеќе...
 
Божиќна честитка PDF Печати
Вести

_

Од Божик да Ви тргне на подобро, за секого да имате доволно волја и сила.Љубовта да Ви биде најубавиот сон!

Среќен Божик!

ХРИСТОС СЕ РОДИ!

ВИСТИНА СЕ РОДИ!

Со почит,

Тони Ангелевски, градоначалник

 
САЕМ ЗА ТУРИЗАМ PDF Печати
Вести
Saem_za_turizam-1

ОХРИД

17.01.2011

 

ДЕМИР ХИСАР НА САЕМ ЗА ТУРИЗАМ

На покана на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Туристичката комора на Македонија, Хотелско туристичката социјација на Македонија и Сојузот на стопански комори, општината Демир Хисар вчера, на првиот ден од отворањето, се претстави на  IV – от Саем за рецептивен туризам што се одржа во Охрид. Прифаќањето на поканата и учеството на оваа престижна саемска манифестација беше можност, преку две паралелни видео и компјутерски презентации,  на пошироката туристичка јавност да и се презентира дел од непроценливото природно и културно богатство на нашата општина. Едновремено, тоа беше  и привилегија да се биде дел од елитното друштво на познати домашни и странски туристички компании и само неколку општини од нашава земја. На саемот, покрај општината Демир Хисар, свои штандови имаа само уште Охрид, Струга, Битола, Делчево, Пехчево и Берово.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 191 192 193 Следно > Крај >>

Страница 193 од 193

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер