ДЕН НА ДРВОТО PDF Печати
Вести
ДЕН НА ДРВОТО

Учениците од трите основни централни и подрачните училишта, средношколците, вработените во јавните претпријатија, установи и институции, како и граѓаните, утре ќе учествуваат во спроведувањето на пролетниот дел од акцијата „Ден на дрвото“. Акцијата ќе се реализира на повеќе локации во целава држава и тоа на пошумување на голини и урбани површини.

Градоначалникот Ангелевски денеска ги повика на координативен состанок сите директори на училиштата, јавните претпријатија, установи, градинката на кој што беше презентиран акциониот план.

Околу 30 – 50 лица ќе бидат ангажирани на пошумување.  Поаѓањето ќе биде организирано со автобус кој ќе тргне од пред зградата на општината Демир Хисар во 10 часот. Според зборовите на претставникот на Шумското стопанство „Бигла“, теренот е потешко пристапен, пошумувањето бара малку поголем физички напор, па препорача на оваа локација да се испраќаат помлади и лица со подобра физичка кондиција.

За учениците од  основните училишта „Гоце Делчев“ и „Браќа Миладиновци“, утрешниот ден е прогласен за наставен, но активностите главно ќе бидат насочени во уредување на дворните површини и засадување на украсни и друг вид дрва. Годинава првпат, учениците од подрачните училишта ќе бидат ангажирани на разубавување на своите училишно дворови.

Средношколците од „Крсте П. Мисирков“, покрај ангажманот во нивниот училиштен двор, ќе бидат ангажирани на припомош во Детската градинка, Психијатриската болница, Здравствениот дом, а една група ученици и наставници ќе садат  дрвца и ќе го уредуваат на просторот околу мостот на Стара Река во Мургашево.

Група од 30 – тина граѓани ќе бидат во придружба на градоначалникот Ангелевски. Со засадување на украсни дрвца тие ќе го разубавуваат просторот околу спортската сала „Јордан Пиперката“ и други јавни површини во градот.

Домот на културата со своите 5 вработени ќе биде ангажиран во уредување на просторот околу објектот, а ќе бидат посадени и неколку дрва.

Инаку, садниците за сите локации ги обезбеди градоначалникот преку Јавното претпријатие „Македонски шуми“, односно Шумското стопанство „Бигла“ Демир Хисар. За целата акција се обезбедени околу 37 000 садници, главно питом костен, јасен, чемпрес и даб.

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер