Јавни претпријатија и установи
УЛИЧНО ОСВЕТЛЕНИЕ |
![]() |
![]() |
Вести |
ЗАМЕНА И ПОПРАВКА НА УЛИЧНИТЕ СВЕТИЛКИ
Прегорените и оштетени улучни светилки се заменија на улиците „Битолска“, „1 – ви Мај“ и делот од улицата во насока на поранешниот „Дехитекс“. Извршена е целосна замена и репарирање на оштетените и прегорени светилки, потрошни елементи и електрични водови. Градоначалникот ја ангажира битолската фирма „Миле Крстевски“ која што со свое специјално возило и монтерска екипа, по облачно и врнежливо време работеше речиси 10 часа. Благодарение на добрата соработка на градоначалникот и добрите деловни односи, ДООЕЛ Миле Крстевски“ од Битола, стручната екипа и специјалното возило, за потребите на општината целосно ги отстапи без никаков надоместок. Најголем број прегорени сијалици и дефектни инсталации имаше на улицата „Битолска“ каде што се заменети сијалици на 16 столбови, од 400 вати и од 60 вати, таканаречени штедливи светилки, кои што според светлечката моќ се скоро идентични. Исто така извршена е замена и на друг потрошен електроматеријал, а отстранети се и дефекти во инсталациите на неколку столбови. Инаку, по повеќе години, ова е прва посериозна и посеопфатна интервенција врз градското улучно осветление. Сметките за потрошена електрична енергија се сервисираат редовно, така што не постои опасност од исклучување од страна на ЕВН како она од пред неколку години. Деновиве е извршена нова порачка на сијалици и друг потрошен електроматеријал, така што може да се очекува дека редовно ќе се сервисираат сите дефекти и во другите делови на градот и населените места. |