Ден на здравството PDF Печати
Вести
ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 7 АПРИЛ

„По повод 7 – ми Април, Светскиот ден на здравјето, на сите здравствени работници на подрачјето на  Општината Демир Хисар, им испраќам искрени честитки, со желба, во најскоро време здравството во нашата општина да биде во значително подобра положба. Ценејќи ја Вашата значајна улога во изградбата на здравствениот систем, како и вашата грижа за здравјето на граѓаните, Ви упатувам искрени честитки“, порача  Градоначалникот на Општината Демир Хисар Тони Ангелевски во честитката испратена денеска до сите јавни и приватни здравствени работници во општината.

            По истиот повод, за приватните здравствени установи во општината,  градоначалникот Ангелевски на денот на празнувањето ќе организира прием, а ќе присуствува и на одбележувањето на празникот во Психијатриската болница и Здравствениот дом. Напладне, во спортската сала „Јордан Пиперката“, градоначалникот Ангелевски ќе присуствува и на финалниот натпревар во мал фудбал  што по овој повод го организира Здравствениот дом во Демир Хисар.

Светскиот ден на здравјето, секоја година се одбележува на 7 април под покровителство на Светската здравствена организација. Со одлука на Собранието, 7 – ми април за светски ден на здравјето почна да се одбележува од 1950 година.

            Овој ден се одбележува со цел да се изгради и поттикне свеста за одредени теми што се поврзани со  здравјето со што би се  свртило вниманието на приоритетните области кои се во грижа на Светската здравствена организација

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер