КУЛТУРА - АРХЕОЛОГИЈА PDF Печати
Вести

Lilcic_vo_D._Hisar-105.05.2016

ПРВПАТ ПО 40 ГОДИНИ - ДЕМИР ХИСАР СЕ ИСТРАЖУВА


Археолози од Битолскиот завод и музеј, после 40 години, првпат започнаа археолошко истражување на еден од најпознатите македонски археолошки локалитети, раноантичкиот град Брианион.

Тим од искусни истражувачи, започна со истражување на североисточната страна од утврдувањето, во месноста Превалец каде што се претпоставува дека се наоѓаат гробови од раноантичкиот период. Ваквите стручни сознанија ги потврдува и дел од повосратстните жители на селото Граиште кои, исто така тврдат, дека во пределот на месноста Превалец, се наоѓале гробови.

Прелиминарното истражување започна со ископи во длабочина до околу 1 метар и се очекува дека до крајот на месецов ќе бидат откриени првите артефакти за постоењето на овој значаен арехолокалитет.

Lilcic_vo_D._Hisar-2По овоj повод, денеска во Демир Хисар беше директорот на Управата за заштита на културното наследство кој, заедно со градоначалникот Љупчо Блажевски, го извози и изоде тешкопроодниот пат и го посети стручниот тим на Завод и музеј од Битола каj месноста Превалец.

- Брианион и Сидерокастрон се меѓу најзначајните археолошки наоѓалишта во Македонија. Имаме стручни и сознанија од терен, дека овде се наоѓаат многу значајни, но се уште неоткриени артефакти. Благодарение на поддршката од Министерството за култура, како и големата и безрезервна поддршка и големото разбирање на општина Демир Хисар, се радувам што многу скоро ќе промовираме ниви научни сознанија за овој локалитет – изјави, покрај другото директорот на Управата Виктор Лилчиќ кој рече дека дополниотелно лично ќе се заолжи, на овој локалитет да се донесе најсофистицираната детекторска опрема што ја располага Република Македонија.

- Преку овој истражувачки потфат што првпат се спроведува по 40 години, препознавам и долгорочен бенефит кој ќе обезбеди дополнителни стручни сознанија за локалитетот, но и ќе поттикне поширока јавна и институционална поддршка и интерес за потемелни истражувања, како на овој така и на останатите локалитети во општината – изјави градиначалникот на Општина Демир Хисар кој е еден од главните иницијатори за ова истражување.

Lilcic_vo_D._Hisar-3Последен пат, на овој терен истражувања се извршени во 1976 година кога во гробница на овој локалитет, пронајдена е познатата златна обетка со лик на лав.

До крајот на месецов, покрај истражувањата на овој локалитет, подготвително ќе се истражува и на помалку познатиот, но исто така важен археолошки локалитет „Кула“ кај село Бабино каде што директорот Лилчиќ лично изврши првичен стручен увид и ги сондира почетните сознанија.

Сите пронајдени примероци ќе останат во наследство на општината како почетен археолошки фонд за отворање на локална музејска поставка.
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер