ОБУКА Печати
Вести
ОБУКА - УСПЕШНО БИЗНИС ПЛАНИРАЊЕ

Biznis_planiranje-1Во соработка со општината Демир Хисар, БСЦ Битола (Business Start up Centre) ќе спроведе дводневна практична обука за демирхисарските бизнисмени  за успешно бизнис планирање. Дводневната обука е наменета пред се за постоечки и потенцијални претприемачи кои сакаат да ги подобрат и прошират своите бизниси и да основаат нови.

Учеството на обуката е бесплатно. Тоа е овозможено од УСАИД Македонија преку проектот „Бизнис без граници“.

Инаку за прв пат, БСЦ овој проект за тренинг на бизнисмените го носи во нашава општина кој што има за цел да придонесе за развој на однесувањата, знаењата и вештините кај лицата кои сакаат да отпочнат или да го доразвијат својот бизнис.

Обуката ќе се спроведе на 6 и 7 мај, во времето од 11:00 – 15:00 часот, во просториите на Домот на културата во Демир Хисар.

Biznis_planiranje-2