Јавни претпријатија и установи
108 ГОДИНИ ОД СМИЛЕВСКИОТ КОНГРЕС |
![]() |
![]() |
Вести |
108 ГОДИНИ ОД СМИЛЕВСКИОТ КОНГРЕС
По повод 108 години од одржувањето на легендарниот Смилевски конгрес (2-7.05.1903) и 7 мај, Денот на македонската полиција, делегација на општината Демир Хисар предводена од градоначалникот Тони Ангелевски, утре ќе положи цвеќе на споменикот на смилевските Илинденци во с. Смилево. Цвеќе ќе положат и делегации на Полициската станица во Демир Хисар како и други јавни институции, претставници на политички партии и невладини организации. Во конгресната спомен соба на музејот „Смилево“ ќе се одржи историски час на кој што ќе говори професор д-р Ѓорѓи Малковски, познат македонски историчар, а ученици од сите основни и средното училиште во Демир Хисар, ќе одржат пригодна културно – уметничка програма. Свеченостите ќе започнат во 11:00 часот. |