Јавни претпријатија и установи
ОБУКА |
![]() |
![]() |
Вести |
ЗАПОЧНА ДВОДНЕВНАТА ОБУКА
Денеска во Демир Хисар започна дводневната обука за успешно бизнис планирање. Обуката ја спроведува БЦС Битола (Business Start up Centre) во соработка со општината Демир Хисар и е наменета пред се, за постоечки и потенцијални претприемачи кои сакаат да ги подобрат и прошират своите бизниси или да основаат нови. Учеството на обуката е бесплатно и е овозможено од УСАИД Македонија преку проектот „Бизнис без граници“. Обуката ја следат 15 – тина млади и потенцијални демирхисарски претприемачи. Инаку за прв пат, БСЦ овој проект за тренинг на бизнисмените го носи во општината Демир Хисар кој што има за цел да придонесе за развој на однесувањата, знаењата и вештините кај лицата кои сакаат да отпочнат или да го доразвијат својот бизнис. |